Парма во 90-те познато е дека држеше сè име до име, па така во 1996-та година на Сампдорија и го грабна Енрико Киеза за тогашна висока сума од 10 милиони фунти.
За скоро 3 милиони фунти повеќе Барселона го купи најталентираниот напаѓач во тоа време, Бразилецот Роналдо кој во ПСВ замина на 18 години и за две години блесна со 54 гола на 58 натпревари.
Највисокиот трансфер тоа лето изнесуваше оној на легендарниот Алан Ширер кој од Блекбурн во Њукасл замина за сума од 15 милиони евра.
Тоа беше лето во кое многу славни имиња ги сменија клупски te бои. Во Шпанија Реал се засили со Мијатовиќ, Шукер и Сидорф, а Ла Коруња од Бразил го доведе Ривалдо.
Во Серија А за Јувентус потпишаа Ален Бокшиќ и Зинедин Зидан, за Парма покрај Киеза исто и Турам, за Интер Џоркаеф, а за Фиорентина Франческо Толдо.
Во сенка на Ширер, во Премиер лигата заминаа Италијанците Раванели и Ди Матео, како и Чехот Карел Поборски кој се прослави на Европското првенство 1996.
Моќната Премиер лига во тоа време потроши 75 милиони фунти за најскапите 10 летни трансфери, Италија 85 милиони, а Шпанија 128. Суми кои се неспоредливи во ова време на невреме во кое фудбалерите се пре пре преплатени.
За период од 15 години највисоките трансфери се од прилика по 10 пати поголеми. Ајде да се дупло или тродупло повисоки ќе разбереме, ама ова што се случува сега е ван секоја нормала.
Ширер прави трансфер во 96-та за 15 милиони фунти, а Нејмар во 2017-та за 222 милиони евра. Тоа е и повеќе од 10 пати. Што е тоа толку вредно и скапоцено во нозете на денешните фудбалери и како е можно толку енормно да ги вреднуваат?
Ги направија ѕвездени фигури за профит. Купи го за 10 милиони, продај го за некоја година за 100 милиони. Што се они, берза за водење акции?
Нејмар го платија 222 милиони, а тој со настап на едно Светско заработи статус на будала на која му се потсмеваше цел свет.
Осумте најскапи трансфери во историјата на фудбалот кои ги набројавме погоре изнесуваат милијарда евра. Да, МИЛИЈАРДА.