Парма го купува Верон за 15 милиони фунти, Милан инвестира во Бироф за да игра во тандем со Веа и дава 19 гола од кои 14 со глава, а Симоне Инѕаги завршува како подобар стрелец од брат му Пипо и од Роналдо. Какви носталгични времиња.
Кукаа дека им бегаат спонзори, дека со празни трибини губат многу пари од продажбата на влезници, дека не можат никако да ги израмнат сметките. Но имало криза или не, клубовите од топ 5 европската елита повторно со астрономска потрошувачка за трансфери.
Преодниот рок за речиси сите европски лиги заврши. И покрај најавите за штедење и оптимизација на трошоците предизвикани од глобалната пандемија, некои клубови решија да потрошат многу пари на трансфери за нови засилувања.
Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.
Центарфорот на турската фудбалска репрезентација Ченк Тосун, е фудбалер кој направил најголем трансфер од турски во друг клуб, а веднаш зад него е нашиот Елмас кој е пред имиња како Арда Туран, Муса Со, Демба Ба, Ченгиз.
Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.
Тоа дека границите на сумите кои се даваат за трансфери се качија до небо, го мелеме нон стоп и усул во трошење пари за играчи повеќе нема. Замислете ова лудо време да траеше 20 и кусур години наназад. Па само Челси, Ливерпул и Јунајтед ќе потрошеа преку 10 милијарди.
По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!
Реал за Бејл и Ронало плати по 100 милиони евра, Манчестер за Погба 105, Барселона за Дембеле 105, Јувентус за Роналдо 117, Барселона за Кутињо 140, ПСЖ за позајмица на Мбапе 180, а за Нејмар 222 милиони. Пред 20 години не беше вака забегано.
За фудбалот вакви листи има на тони, но во ракометот многу малку се зборува за пари и тие се смешни во однос на фудбалот. Македонски ракометар нема во оваа конкуренција, но затоа има еден легендарен Вардарец и тоа два пати.
Можеби 222 милиони евра за еден играч или 400 за двајца, за некого е релативна работа дали е многу или не. Ама не, ние сепак стоиме на ставот дека се претера, а во прилог ни оди и едно истражување на релевантна институација која вели дека фудбалерите се преплатени.
31 август си замина, завесата е спуштена, пазарот со купување играчи во најпопуларните 5 фудбалски првенства во светот извади импозатни бројки: Направени се 1.665 трансфери за 4 милијарди фунти. Во топ 10-те најскапи трансфери во историјата, летово влегоа Нејмар, Дембеле и Лукаку.
Португалските клубови умеат да воспитаат и развијат млади играчи кои потоа ги продаваат за големи пари и тоа не е тајна. Но Бенфика направи чудо за 7 месеци со 6 трансфери.
Телеграф ги стави во едно сите најскапи трансфери почнувајќи од играчи на 14 до 40 годишна возраст. Пато и Волкот се меѓу помладите, Зидан, Ето и Батистута меѓу постарите, a Дејвид Џејмс меѓу најстарите.
Го нема го нема, па ќе извади нешто за што ќе се зборува со недели. Мино Рајола, најнеобичниот агент на светот сега бара титула Сер затоа што успеал да го врати Пол Погба летово во Манчестер Јунајтед.
Старата Дама денес и официјално го претставува најголемото засилување во последните неколку сезони. Аргентинецот Игуаин имал на маса понуди од Арсенал, ПСЖ и Кина, но решил да премине во омразениот клуб на Наполитанците. Зошто?
400 постови дневно, од кои еден може да го здрма целиот фудбалски свет. Играчите го прашуваат каде ќе ја продолжат кариерата, раководните луѓе го викаат во канцеларија. Џанлука Ди Марцио - најголемиот инсајдер во фудбалот.
Може да не го сакаат, да го обвинуваат, да го осудуваат и судат, но работата на Динамо Загреб под водство на Мамиќ според сите параметри беше успешна. Клубот има неверојатна заработка од продажба на фудбалери и учество во Европа.
Со неколку трансфери на играчи за кои платија астрономски суми, кинеските клубови зимава го имаа најскапиот преоден рок во фудбалскиот свет. Што ги натерало толку да трошат?
Кога една екипа ќе даде 78 милиони евра за двајца играчи (Рамирес од Челси и Тешеира од Шахтјор), тогаш реален е алармот во европскиот фудбал дека кинескиот пазар би можел да направи цунами во овој спорт.
Преминот на Рахим Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити го сруши рекордот на трансфер пазарот во Англија. Парите ги оправдаа играчи како Руни и Фердинанд, а разочараа Керол и Лалана.
Кралскиот клуб прв почна неконтролирано да фрла пари за трансфери и во топ 10 листата на најскапи фудбалери во историјата има пет за кои се опрчија 406 милиони евра. Втори се Каталонците кои за Ибрахимовиќ, Нејмар и Суарез потрошија 245.5 милиони европски банкноти.
Рекордниот трансфер на бекот од Велс беше топ тема цело лето, а исплатата за неговиот трансфер е само половина од трошоците кои ги имаат Кралевите за него. „Goal.com" врз база на тоа пресмета дека најскапите 10 трансфери за оваа година изнесуваат над милијарда евра.
Од година во година издвојувајќи астрономски суми за засилувања, Реал Мадрид кој не знае што е тоа финансиска криза, со потпишувањето на Герет Бејл стигна и до „стотката" која ја потроши само за еден играч. На листата на најскапи трансфери тие остварија пет од најскапите седум во историјата.