Флорентино Перез му исплати 100 милиони евра на Тотенхем и со тоа го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, но за него во наредните шест години во плата ќе треба да издвои уште 60 милиони евра, а на тие пари да плати уште 30 милиони евра данок кон државата.
И кога ќе се соберат и другите административни трошоци за трансферот, бонуси за играчот, како и делот кој оди кај неговиот менаџер, доколку Герет Бејл го испочитува шест годишниот договор, тоа ќе го чини Реал Мадрид приближно 200 милиони евра.
Истото важи и за другите клубови кои се одлучија изминатото лето да пројдат скапо на пазарот. Вториот најскап трансфер ова лето беше оној на Единсон Кавани кој од Наполи во ПСЖ замина за сума од 64 милиони евра, но Французите за него ќе платат комплет 148 милиони евра.
Истражувањето на Goal покажува дека најскапите 10 трансфери за 2013 година заедно со сите останати задолжителни трошоци на клубовите покажува енормно висока цифра од 1,2 милијарди евра.