Пополнувањето на листата на топ најскапи трансфери „Кралевите" ја започнаа со Луис Фиго кој за сума од 61,5 милиони евра дојде од најголемиот ривал Барселона. Местото малку над него го држи летното засилување на ПСЖ, Единсон Кавани за кои Арапите ги почастија Наполитанците со фантастични 64 милиони евра.
Потоа следи трансферот на Кака, кој вусшност вчера и официјално се договори за кам бек во Милан, потоа е Злата Ибрахимовиќ кој од Интер во Барселона потпиша за 69 милиони евра.
Трите прва места се резервирани за трите големи ѕвезди од Сантијаго Бернабе. Легендарниот Французин кој сега му е помошник на Карло Анчелоти од Торино на Камп Ноу пристигна за сума од 75 милиони евра, а се до вчера Кристијано Роналдо четири години го држеше рекордот на најскап трансфер во историјата на фудбалот.
На оваа листа е неговиот нов соиграч Герет Бејл за кој Флорентино Перез издвои милионско „стоттче". За овие петмина фудбалери излегува дека Кралскиот тим вкупно издвоил скоро 400 милиони евра. Останува да видиме кој ќе ги надмине овие бројки.
Најскапи трансфери во историјата на фудбалот пред Герет Бејл
1. Кристијано Роналдо (Манчестер Ј. – Реал М.) 94 милиони евра
2. Зинедин Зидан (Јувентус – Реал М.) 75 милиони евра
3. Златан Ибрахимовиќ (Интер – Барселона) 69 милиони евра
4. Кака (Милан – Реал М.) 68 милиони евра
5. Единсон Кавани (Наполи – ПСЖ) 64 милиони евра
6. Луис Фиго (Барселона – Реал М.) 61,5 милиони евра
7. Хулк (Порто – Зенит) 60 милиони евра
8. Радамел Фалкао (Атлетико М. – Монако) 60 милиони евра
9. Фернандо Торес (Ливерпул - Челси) 58 милиони евра
10. Нејмар (Сантос - Барселона) 57 милиони евра
11. Ернан Креспо (Парма - Лацио) 51,2 милиони евра
12. Радамел Фалкао (Порто – Атлетико М.) 47 милиони евра
13. Џејмс Родригес (Порто – Монако) 45 милиони евра
14. Гаицка Мендиета (Валенсија – Лацио) 45 милиони евра
15. Кристијан Виери (Лацио – Интер) 45 милиони евра
16. Џанлуиџи Буфон (Парма - Јувентус) 45 милиони евра
17. Роналдо (Интер – Реал М.) 45 милиони евра
18. Агуеро (Атлетико М. – Манчестер Сити) 45 милиони евра