Доскорешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ (сега ќе биде советник во клубот), веќе повеќе од 10 години важи за најуспешниот спортски работник во целиот регион. Долго време Мамиќ се бореше со своите противници и непријатели, навивачите дури повикуваа на негово убиство, но едно е сигурно: Тоа што Мамиќ го направи за Динамо може да биде сон за сите клубови од Балканот.
Институтот за јавни финансии на Хрватска направил истражување под наслов „Работата на фудбалските клубови во Хрватска“. Истото покажало дека во изминатите 20 години, клубот од Максимир направил дури 906 трансфери и остварил нето заработка од 140 милиони евра.
Од сезоната 1995/1996 до 2015/2016, Модрите имале 906 купопродажни трансакции при што 449 куповни а 457 продажни трансфери. Динамо Загреб од продажба заработил околу 1,42 милијарди куни или 130 милиони евра, а на засилувања потрошил 13,5 милиони евра.
Кога на сите овие суми ќе им се придодаде редовното учество во европските натпреварувања (ЛШ и ЛЕ), заработката на Динамо е светлосни години пред останатите клубови од поднебјево.
Истражувањето се базирало на структурата на приходи и расходи, имотни листови, обврски и капитал на фудбалските клубови, а го извеле признати економски стручњаци.
Од останатите параметри, просечниот бој на играчи во клубовите од првата лига е 32, а просечната возраст 23,5 години.