1. Рахим Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити (49 милиони фунти)
Со само 20 години и 16 настапи за англиската репрезентација Стерлинг ќе ги помине најубавите години од својата кариера во Сити. Со толку голем напаѓачки талент се поставува прашањето на која позиција ќе игра во составот на Граѓаните иако сите предвидуваат на десната крилна позиција веднаш зад Агуеро.
2. Енди Керол од Њукасл Јунајтед во Ливерпул (35 милиони фунти)
Последниот ден од зимскиот преоден рок е еден од највозбудливите денови во поновата историја на фудбалот. Челси во Јануари 2011 го купи Фернандо Торес од Ливерпул за нов британски рекорд од 50 милиони фунти. Со добиените пари од овој трансфер Луверпул ги купи Енди Керол и Луис Суарез. Додека Суарез имаше прекрасни моменти на Енфилд, Енди Керол се мачеше со својата форма. Тој постигна само шест гола на 44 настапи во Премиер лига, но го постигна победничкиот гол против Евертон во полуфиналето на ФА Куп во 2012 година. После една година Керол е продаден во Вест Хем за 20 милиони фунти.
3. Рио Фердинанд од Лидс Јунајтед во Манчестер Јунајтед (30 милиони фунти)
Еден од најнеочекуваните трансфери беше тој на Рио Фердинанд кога од Лидс премина во Јунајтед и стана најскапо платениот дефанзивец во англискиот фудбал. Платените 30 милиони фунти беа добро вложени пари за Црвените ѓаволи со оглед на тоа дека Фердинанд имаше важна улога во успесите на Манчестер Јунајтед. Со дресот на Јунајтед освои шест титули во Премиер лига, една во Лига на Шампиони и пет пати беше во најдобриот тим на првенството.
4. Лук Шоу од Саутемптон во Манчестер Јунајтед (30 милиони фунти)
По фантастичната сезона 2013/2014 во дресот на Саутемптон, Шоу ги привлече сопствениците на Манчестер Јунајтед. За неговите услоги издвоија 30 милиони фунти со што Шоу стана најскапиот платен тинејџер во фудбалот, но не покажа многу во првата сезона на Олд Трафорд. Сепак тој има само 20 години и има доволно време да ја врати формата.
5. Вејн Руни од Евертон во Манчестер Јунајтед (27 милиони фунти)
На само 16 години Руни со гол против Арсенал ја прекина нивната серија од 30 натпревари без пораз. Тоа беше доволно Сер Алекс Фергусон да издвои 27 милиони фунти за младиот Руни. Тој веднаш ги оправда вложените пари во него, постигнувајќи хет-трик на своето деби во Лига на Шампиони против Фенербахче. Руни освои 12 трофеи откако потпиша за Јунајтед и во 11 години поминати на Олд Трафорд е еден од главните играчи на овој тим.
6. Џејмс Милнер од Астон Вила во Манчестер Сити (26 милиони фунти)
Откако стана газда на Манчестер Сити во 2009 година, шеикот Менсур не сакаше да штеди пари за да го засили и обнови тимот од Манчестер. По извонредната сезона помината во дресот на Астон Вила, Милнер беше на радарот на неколку гиганти од Премиер лига. Граѓаните за негов ангажман издвоија 26 милиони фунти. Во период од 5 години додека играше за Сити Милнер имаше голем придонес во освојувањето на две титули во Премиер лигата и една во Фа Куп. Сега е нов член на Ливерпул.
7. Адам Лалана од Саутемптон во Ливерпул (25 милиони фунти)
Адам Лалана е вториот играч од академијата на Саутемптон кој е на оваа листа. Тој по фантастичните игри во дресот на Саутемптон доби повик од селекторот Рој Хоџсон и дебираше за Англија во пријателскиот натпревар против Чиле. Тоа беше доволно Брендан Роџерс да плати 25 милиони фунти за Лалана минатата сезона, но тој немаше солидна сезона во дресот на Луверпул.
8. Дејвид Бекам од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид (24.5 милиони фунти)
Дејвид Бекам е единствениот играч на оваа листа кој не потпишал во некој тим од Премиер лига. По блескавата кариера во Манчестер Јунајтер, Бекам потпиша за Реал Мадрид со што им се придружи на Роналдо, Зинедин Зидан и Луис Фиго во последниот Галактико тим. По четири години поминати во Мадрид освои само една титула во Примера и една во шпанскиот Супер Куп.
9. Дарен Бент од Сандерленд во Астон Вила (24 милиони фунти)
Астон Вила во сезоната 2011/2012 беше пред испаѓање па газдата Ренди Лернер му плати 24 милиони фунти на Сандерленд за напаѓачот Дарен Бент со надеж дека ќе ги спаси. Коцкањето на Лернер се исплатеше, Дарен погоди на дебито против Манчестер Сити и сезоната ја заврши како најдобар стрелец во тимот, иако потпиша во Јануари 2011. Бент со 8 голови на 16 натпревари обезбеди мирен финиш на сезоната за Астон Вила. Од јануари 2015 година е член на Дерби Каунти.
10. Џолеон Лескот од Евертон во Манчестер Сити (22 милиони фунти)
За крај е трансферот на поранешниот дефанзивец на Евертон во Манчестер Сити во 2009 година. Новите газди на Сити со купувањето на Лескот, Карлос Тевез, Коло Туре и Емануел Адебајор ја најавија големата реконструкција на тимот. Лескот имаше важна улога во тимот на Сити кога ја освои Премиер во 2012 година. Од минатата сезона е член на ВБА.