Зошто трансферите беа најгласни во Кина?
Прв фактор - доминацијата на Гвангжу Евергранд, кој прв решил да троши невообичаено многу во 2011. година. Го купиле аргентинскиот полушпиц Дарио Конка кој годишно заработувал 15 милиони долари со што земал исто колку Меси и Роналдо.
После тоа, Гвангжу пет пати по ред стана првак на Кина, а останатите клубови станаа поамбициозни да го намалат заостанувањето зад Гвангжу.
„Годинава, за првпат на пазарот се појавија активно уште 5, 6 екипи, па така Џиангсу Сунинг ги купи Рамирез и Алекс Тешеира пред азиската Лига на шампиони. Хебеи Кина ги купи Жервињо и Лавеци, а овој тим само што влезе од втора во прва лига и сака веднаш да се бори за нешто повеќе“, вели спортскиот новинар Брендон Чемерс кој во 2007. се преселил во Кина.
Главниот уредник на сајтот Wild East Football, Камерон Вилсон тврди дека тоа не е се.
„Трансфер експлозијата се случи како резултат на внатрешната поделеност (доминацијата на Гвангжу Евергранд) и политичкиот бекграунд. Кинеските клубови не заработуваат, така што вложувањето во фудбалот доаѓа преку бизнисот. И на локално, но и на државно ниво се вложува во фудбалот", вели Вилсон.
Кој е најсилен фактор на кинескиот пазар?
Интернет гигантот Али Баба има 50% удел во Гвангжу Евергранд, учество кое го купиле за 192 милиони долари со намера да го претвори спортот во водечка кинска економија. Во септември 2015-та, Алибаба ја отвори филијалата Алиспортс која што планира едукација на 50 милиони Кинези кои сериозно би се занимавале со спорт. За оваа намера, Алиспортс ангажирал тимови од врвни менаџери а го отворил и првиот кинески спортски канал и интернет компанијата Сина Корпорејшн (под нејзина закрила е најпопуларната социјална мрежа во Кина, Веибо - аналогна на Твитер).
Во блиска иднина, Алиспортс сака да потпише неколку договори за стратешко партнерство со меѓународните сојузи, клубови и играчи. Чан Дачонг, првиот човек на Алиспортс веќе разговарал со семоќниот агент Хорхе Мендес и неговиот клиент Жозе Мурињо во јануари. Состанокот се одржал во Шангај, а пред само неколку недели клиентот на Мендес, Колумбиецот Џексон Мартинез потпиша со кинески клуб за 42 милиони долари.
На стадионите во кинеската прва лига просечна гледаност е околу 21.800 гледачи колку што е и во Франција и Италија.
Во кинескиот фудбал има ограничување на странски играчи (5 странци смеат да потпишат во една сезона, но еден од нив треба да биде од азиска земја, а на теренот може да има во ист момент 4 странски фудбалери). Дали е тоа е проект на политичарите со цел да ги заштитат домашните играчи?
„Не, тоа не е врзано со политиката, такви правила имате во цела Азија, па дури и во Лигата на шампионите во Азија може да регистрирате само четворица странци - тројца од било која земја и еден од Азија".
Што се однесува до навивачката култура, Камерон Вилсон, главниот уредник на сајтот Вајлд Ист Фудбал вели:
„Најдобри навивачки движења имаат Пекинг Гуан, Шандонг Луненг и Шангај Шенхуа, затоа што овие екипи одамна играат на едно место. Кинеската фан култура е под големо влијание од јапонската. Тоа се манифестира низ фактот дека луѓето се облекуваат исто и организирано одат на трибините, пеат песни. За мене најзначајно искуство беше фактот што во Кина може да се тушираат со навреди за време на натпреварот, а потоа пијат заедно како најдобри пријатели иако навиваат за различни тимови", заклучува Вилсон.