Таг: гвангжу

Беше расен стрелец во Порто, дојде во Атлетико Мадрид, а сега хип-хоп артист

Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.

Чекај ова е Паулињо или Жунињо?

Голот на деценијата на Гвангжу и веројатно најдобар во кариерата на Паулињо, по кој не им текна повеќе во Кина да му се бранат вака со само еден и единствен играч застанат како жив ѕид.

Вакво мешање во кинеска лига немало скоро

Паулињо кој од Барса отиде во Кина, прави дар-мар во Гвангжу Евергранде, лидерот во тамошната лига кој е главен фаворит за титулата. На последниот меч против Пекинг Ренхе ај што даде два гола во триумфот од 3:0, него и го попари со бразилски дриблинзи.

Автогол на кој се изнасмеа и коментаторот

Дефанзивците на Гвангжу Фули кој како тренер го води Драган Стојковиќ, се изборија за доста висока позиција на листата на најкомични автоголови на сезоната. Коментаторот слатко се смееше, а Пикси извикуваше од клупа: Дали је ово могуќе?

„Не знаев да сменам ни сијалица, а сега играм во Барса со Меси“

Уште една сјајна исповед на голема супер ѕвезда за The Players Tribune. Паулињо раскажува што сè го снашло во животот и како го зачуди светот кога од кинеската лига каде игра на заоѓање на кариерата, потпиша со Барселона.

Дојде и тој ден кинески клуб да заработи од трансфер

Долго време не сме слушнале некој кинески фудбалски клуб да се расфрла со пари како што се расфрлаше лани, а од друга страна Гвангжу Евергранд заработи цели 26 милиони евра од продажба на играч. Да, од продажба.

Бразилецот од Партизан кој го одби Ливерпул за Кина

Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.

Зошто кинескиот фудбал стана толку гласен?

Со неколку трансфери на играчи за кои платија астрономски суми, кинеските клубови зимава го имаа најскапиот преоден рок во фудбалскиот свет. Што ги натерало толку да трошат?

18.500 км за да го бодрат Ривер во Јапонија

Аргентинците и генерално Јужно-американците се познати по страста кон фудбалот. Не прашуваат колку чинат патувањата за да го бодрат омилениот клуб. Така околу 10.000 навивачи на Ривер Плата од целиот свет допатуваа во Осака, каде се игра Светското клупско првенство.

Меси на првиот тренинг во Јапонија

Барселона се спрема за полуфинале против Гвангжу на Светското клупско првенство, а веќе на нивниот прв тренинг имаше многу забава за публиката.

Срамота е да го промашиш ова и со врзани очи

Џереми Бокила од Конго кој игра во Кина, по ова промашување си ја заработи клупата за резерви за цела сезона. Тој имаше локум топка за да му донесе победа на својот тим Гвангжу кој одигра 2:2.

Глаголот понижување во кинескиот фудбал

Бразилецот Елкесон (25) кој игра за кинескиот глуб Гвангжу покажа на дело како да понижиш противничка одбрана. Не даде гол, ама за потегот доби овации од публиката.

Кинески ножички

Лу Лин од Гвангжу Фули, кинески клуб предводен од Свен Горан Ериксон се најде на листата на мајстории кои вреди да се издвојат деновиве. Класичните ножички со прием на гради кои на времето му успеваа само на Пеле, сега ги прави кој стигне.