Клеверсон Габриел Кордова, попознат како Клео еден е од ретките фудбалери на кои му скандирале навивачите на белградски Партизан. Бразилецот брзо стана идол на Гробарите, особено што беше првиот фудбалер кој после 30 години преминал од Црвена звезда во „црно-белиот“ дрес.
Звезда која тогаш (а и сега) тонеше во долгови немаше 800.000 долари да го откупи неговиот договор, на Клео му се остануваше во Белград, така што реши да ја прифати понудата на ривалскиот Партизан кој ја плати потребната сума.
Клео веднаш се оддолжи со евро-голови и беше најзаслужен што Партизан во сезоната 2010/2011 влезе во Лигата на шампионите во група со Арсенал, Шахтјор и Брага. По фантастичните настапи и ефектни голови во Европа (и против Звезда во дербито на Маракана), Клео доби понуди од големите европски клубови.
„Бев првиот играч после 30 години кој играл за двата најголеми српски клубови. Се сеќавам колку ми се закануваа навивачите на Звезда кога преминав во Партизан. Среќа на крај немаше поголеми проблеми“, се сеќава Бразилецот на престојот во Белград кога Гробарите на Делиите им пееа некоја народна песна со наслов ’А клео се клео, да ме је волео’.
По фантастичните партии, сите очекуваа да потпише за клуб од западна Европа, но долгокосата деветка се реши за Азија и ги шокираше сите.
„Од Кина стигна понуда за огромни пари и јас тогаш станав најскапиот играч во кинеската лига. Поради Кина ги одбив Ливерпул, Фиорентина, Лион, Марсеј и Валенсија“, вели сега 31-годишниот Клео за ESPN.
Иако во Кина заработувал огромни пари, Клео се изненадил од тоа колку фудбалот таму во таа 2010. бил назаден.
„Искрено, Партизан за нив беше совршен клуб со совршена инфраструктура. Отидов во клуб кој немаше ништо. Немавме дресови и сам морав да ги перам после тренинг или натпревар. А тренинзите? Немавме ниту терен за тренинг, туку трениравме во парк додека луѓе проаѓаа покрај нас. Бевме како аматерски клуб. Но имавме одлични играчи и освоивме се што можеше да се освои“, додава Клео чијшто тренер во Гвангжу му беше легендарниот Марчело Липи.