- Екипата на Вардар 1961 ја продолжува серијата без пораз на домашната сцена. Црвено-црните во дербито на денот славеа над ГРК Охрид (28-26) и го забележаа четиринаесеттиот триумф на четиринаесеттиот меч сезонава.
- Пред преполна сала „Билјанини извори“ каква што не се памети да била полна во последниве години, во Охрид вечерва РК Вардар 1961 го совлада амбициозниот домаќин 28:26.
- Уште од стартот црвено-црните покажаа дека сезонава им нема рамен во домашното првенство и дека одличните игри и во Европа не се случајност.
- Дмитро Хориха постигна осум гола и беше лидер со најмногу погодоци кај Вардар. Харуки Кавада постигна шест гола. Милош Валах запиша осум одбрани. Кај Охрид Стрмљан, Иванковиќ, Крсманчиќ и Ѓукиќ постигнаа по пет гола.
- Вардар е прв на табела со 14 победи од 14 натпревари.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.