Пак да се буните за Кратово и останатите терени во Македонија со кал, вода, крави и слично. А Кинезите во трета лига што да кажат? А најјакото е што судијата не ја ни прекинува. Изгледа чека да почнат да ги вадат играчите од терен со чамци.
Имате жолт картон за помошникот, па црвен картон за тренерот, шамар од тренерот за судијата и на крај колабирање на тренерот кое ќе го забележите на вториот клип. Нестварниот развој на настаните се случува во кинеската втора лига.
Несреќникот доби употреблива топка, ама се постави со погрешна нога и несмасно со цеваница ја удри во спротивен правец од гол. Сето тоа го следеше неговиот чувар кој излезе двојно поголем несреќник од него.
Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.
Шангај Ист Азија е еден од најдобрите клубови во Кина, во составот ги имаат Хулк, Марко Арнаутовиќ и Рикардо Лопез. Денес го победија Џингдао Хуангаи со 2-1, ама запазете го голот што за гостите го даде францускиот напаѓач Роман Алесандрини.
На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.
Во 19-то коло од Кинескаа лига, Чонгжинг и Шангај Ист Азија одиграа 2-2. Првиот гол на мечот, кој го даде домашниот фудбалер Фернандињо Силва, ќе беше потполн само ако се качеше уште во ложа на трибините и ги дрибнеше претстаделот и директорот.
Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.
Скоро сите го заборавија затоа што на почетокот на 2016 од Рома замина во Кина и некое време играше таму. Летово се врати во Италија во дресот на воскреснатата Парма. Синоќа на дуелот против Каљари (2:0) постигна гол кој ќе конкурира за најубав во Серија А сезонава.
Уште една сјајна исповед на голема супер ѕвезда за The Players Tribune. Паулињо раскажува што сè го снашло во животот и како го зачуди светот кога од кинеската лига каде игра на заоѓање на кариерата, потпиша со Барселона.
Во Кина навивачите се зафркаваат на сметка на килажата на голманот на Шангај Шенхуа, Џиу Шенгџијонг а се појавило дури и првото меме во историјата на кинескиот фудбал со таткото на свињчето Пепа (детски цртан).
„Да не беше војската, денес немаше да бидам упорен, настојчив и отпорен на стрес“, вели најбогатиот Кинез Ванг Цијанлин којшто пред неколку дена ги купи Нико Гаитан и Јаник-Фереира Караско од Атлетико Мадрид каде имаше акции.
Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.
Долго време не сме слушнале некој кинески фудбалски клуб да се расфрла со пари како што се расфрлаше лани, а од друга страна Гвангжу Евергранд заработи цели 26 милиони евра од продажба на играч. Да, од продажба.
Денеска на дуелот Гвангжу - Шангај во Кина, Бразилецот Оскар кој со Халк игра за Шангај неотесано ја рогаше топката во домашните фудбалери па настана хаос.
Кога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра.
Кинеските милијардери кои се фрлија на европскиот фудбал како ламји, нема да може толку многу да се опуштаат. Ова не се однесува на парите, туку на бројот на странци кои ги трошат за нив.
Кинеското цунами кое го погоди европскиот фудбал не може да биде толку големо како што изгледа бидејќи клубовите се лимитирани на четворица странци во екипа. Приоритет е да има место за Кинезите кои треба од нив да научат фудбал. Работата изгледа доста сериозна бидејќи во игра се влезени најголемите светски компании.
Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.
Со неколку трансфери на играчи за кои платија астрономски суми, кинеските клубови зимава го имаа најскапиот преоден рок во фудбалскиот свет. Што ги натерало толку да трошат?
150 милиони евра за засилувања за еден месец, телевизиски пакет од 1,25 милијарди, понуди за годишна плата и до 20 милиони, најголема академија во светот, задолжително играње во 20.000 училишта. Со фудбалот во Кина нешто се случува.