Иако разни медиуми пренесоа инфорамции дека сликата е свежа, се испостави дека фотографиите од фамозниот меч на кој играл буцкото, се од 2019-та година.
Тој се вика Жу Гванжан, роден во 1986-та година и бил инвеститор во клубот Џилин Баиџиа кој постоел од 2015 а згаснал лани во 2020-та. Тој се појавува на меч од последното коло во сезоната во трета кинеска лига CL2.
Принудно влегол во игра, затоа што пола екипа штрајкувала поради неисплатени заработки. Самиот инвеститор излегол на терен да ја спаси екипата ама не му успеало. Жилин изгубил.
Солидно пополнет, Жу излегува на терен во дрес со број 7 и изведува неколку прекини. Во текот на мечот има и неколку додавања, а може да се каже дека не е баш толку лош со топка - маалски кажано „го има осетот“.
Според реномираниот Transfermarkt, дебелкото во 2019-та запишал 2 настапи и тоа по едно полувреме. На двата меча неговиот тим изгубил.
НЕ СЛУЧАЈНО СТАНАЛ ВИРАЛЕН
На почетокот на мај месец годинава, 35-годишниот Хе Шихуа (главен акционер во клубот Цибо Цују) влегол во игра на меч на неговиот тим во судиско продолжение. Носел 10-ка.
In the CL1(2nd-division) match today between Sichuan Jiuniu and Zibo Cuju, He Shihua, the principle sharedholder of Zibo Cuju, was introduced into the match just ahead of the injury time. The 35-year-old enterpreneur/footballer wears No. 10 shirt. The match ended 0:0. pic.twitter.com/d0XfNFUFIZ
— Titan Sports Plus (@titan_plus) May 4, 2021
Цибо Цују е трет клуб во кариерата на Шихуа, но тој за цела „кариера“ одиграл само 1 минута фудбал. На некои сајтови се води како фудбалер чија вредност е проценета на 11.000 долари. После 5 кола во кинеската втора лига клубот Цибо Цују е последен на табела со гол разлика 2:10.
Ова ги измотивирало кинеските медиуми да потсетат на случајот со дебелкото од 2019-та.
За приказната да биде комплетна, газда-фудбалер на високо ниво имаше во кинеската Суперлига. Жу Џун како сопственик на познатиот клуб Шангај Шенхуа во 2012-та година влезе во игра наместо славниот Французин Николас Анелка, а на 45 години сакал да заигра на една пријателска против Манчестер Јунајтед за време на подготовките на англискиот тим во Кина.