Кинеската супер лига донесе ново правило со кое забранува да се купуваат четворица странци во екипа и бројката ја намали на три.
Правилото гласеше 4+1, а од сега ќе биде 3+1. Тоа значи дека ќе имаат можност да донесат три скапи имиња од Европа, а тој еден мора да биде од Азија или Австралија.
И не е само тоа. Секој кинески клуб ќе биде должен секое коло да има по двајца кинески фудбалери на возраст под 23 години и барем еден кој ќе биде во стартните 11.
Овие нови мерки кои се воведуваат како мерки против ирационалното трошење на кинеските тајкуни во моментов ќе биде проблем за Шенхуа каде играат шестмина странци меѓу кои Демба Ба, Обафеми Мартинс и Карлоз Тевез. Тројца од овие шестмина ќе мора да летаа од клуб.
Најновото бомбастично име кое се поврзува со трансфер во богатиот фудбалски рај е Диего Коста за кој се појавија гласини дека е на чекор од Тијанџин. Клубот кој го купи Аксел Витсел и му дава месечна плата од над 15 милиони фунти.
За најамбициозните 7 кинески клубови кои ќе се мрштат поради ново правило со бројот на странци имате тука.