Ова е втор гол за Жервињо на четири меча во Серија А од почетокот на сезоната.
„Не знам дали е ова мој најдобар гол. Во свое време дадов многу голови“, одговорил репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска после натпреварот.
Жервињо во Парма дојде како слободен агент. Клубот Хебеј Чајна Форчун го раскинал договорот со него затоа што не играл на потребното ниво. Во првенството на Кина Африканецот постигнал само 4 гола на 29 меча со 7 асистенции.