Месецот кој трае 31, а изгледа како да трае 51 ден во италијанскиот фудбал помина без огномети. Калчолигашите останаа без големи трансфери каков што можеше да биде Пасторе во Интер.
Без сомнение, Премиер лигата е на прво место по потрошени пари за нови засилувања, а ја следат Ла Лига и Бундес. Серија А е деветта, зад Чемпионшип, зад МЛС и зад аргентинското првенство.
Но Серија А е четврта по заработка и прва кога ќе подвлече црта за крајниот учинок на пазарот: со +51 милиони евра.
Плусот за Сарија А дојде најмногу поради парите кои ги добија Џенова и Рома за Пелегри (Има 16 години и потпиша со Монако за 25 милиони евра) и Емерсон (20 милиони евра). Вкупно прволигашите во Италија заработиле 76 милиони евра а потрошиле 25 милиони евра помалку.
Серија А потрошила 435 милиони евра помалку од Премиер лига зимава. Премиерлигашите направија потрес со Ван Дајк, Лапорт и Обамејанг кои што ја кренаа лествицата од кој било зимски преоден рок во Англија досега. Никогаш не потрошиле толку во јануари англиските клубови.
Веднаш зад нив е Ла Лига, со потрошени 276 милиони евра во најголем дел со враќањето на Диего Коста во Атлетико и мега-трансферот на Кутињо кој стана втор најплатен играч во историјата на фудбалот.
Подиумот го затвора Бундес лига со Борусија Дортмунд која заработи најмногу од сите по продажбите на Обамејанг и Бартра (Бетис). Четврто место, очекувано е кинеската Супер Лига со 60 милиони евра потрошени од кои 40 само за Бакамбу од Виљареал: стана најскап африкански фудбалер во историјата!
Следат француската Лига 1, аргентинската Примера дивизион, американската МЛС и англискиот Чемпионшип. Да, со 27,78 милиони евра потрошени дури и втората англиска лига даде повеќе пари за засилувања отколу Серија А.
Сасуоло ни крив ни должен, прв
Прв ударен трансфер зимава во Италија беше продажбата на 16-годишниот Пјетро Пелегри кој после 9 настапи во Серија А за 25 илиони евра замина во Монако. Важи за огромен талент.
На второ место е левиот бек на Рома Емерсон Палмиери кој после повеќе од пет години заминува од „Олимпико“ а „Волчицата“ од него заработи прилично добро ако се земе предвид за колку го купи.
Here’s a crazy silly season stat for ya... @ATLUTD have spent more on signings this January than the entire Serie A 🇮🇹😬 #TransferDeadlineDay fun coming up on #TheXTRA at 7ET ⚽️✌🏼 #ATLUTD
— Kevin Egan (@kev_egan) January 31, 2018
Во Интер дојде Рафиња од Барселона (брат на Тиаго Алкантара од Баерн), а други прволигашки трансфери беа уште и имиња како Фалчинели, Беса, Орсолини, Чичирети итн. Во таква ситуација, неверојатно делува податокот дека екипа која најмногу потрошила е Сасуоло: 8 милиони евра за 11 различни играчи. Следат Фиорентина и Каљари, па второлигашите Пескара и Бреша од Серија Б а Џенова, Аталанта и Беневенто ја затвораат Топ10 на Серија А.
Premier League clubs spent £430m in Jan window, almost double the previous highest.
— Simon Stone (@sistoney67) February 1, 2018