Колку би чинеле Шевченко, Верон и компанија во сегашно време

Тоа дека границите на сумите кои се даваат за трансфери се качија до небо, го мелеме нон стоп и усул во трошење пари за играчи повеќе нема. Замислете ова лудо време да траеше 20 и кусур години наназад. Па само Челси, Ливерпул и Јунајтед ќе потрошеа преку 10 милијарди.

TotallyMoney направи истражување кои гласи вака: Кои би биле најскапите трансфери во историјата на Премиер лигата, но според сегашната вредност по која се оценуваат играчите.
 
На прво место би бил трансферот на Андриј Шевченко. Челси за украинскиот ас во 2006-та плати 29,4 милиони фунти, но според сегашниот ценовник тој би вредел 144,4 милиони фунти.
 
Студијата ги опфаќа сите трансфери во Премиер лигата од 1992-ра година и ги вреднува според актуелниот пазар, па така втората позиција ја зазема Алан Ширер. Славниот англискиот напаѓач во 1996-та премина од Блекбурн во Њукасл за сума од 15 милиони фунти, а истиот трансфер денеска би изнесувал 125,1 милиони фунти.
 
Во формација 4-3-3 вака би изгледал најскапиот состав:
 
 
А ова би била листата на најскапи 50 трансфери:
 
 
Инаку Челси е рекордер во трошење пари со неполни 1,6 милијарди евра кои според актуелниот пазар би изнесувале скоро три пати повеќе.
 
5 септември 2018 - 16:03