Не треба да се заборави и дека Пипита е на врвот на својата кариера, скоро ќе го прослави 29-от роденден и конечно сака да освои трофеи. Во Торино тоа би му било полесно отоколку во Неапол.
Трансферот на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус, вреден 90 милиони евра е рекорден во историјта на Серија А.
2. Зинедин Зидан
Јувентус - Реал Мадрид, 73,5 милиони евра
3. Златан Ибрахимовиќ
Интер - Барселона, 69,5 милиони евра
4. Кака
Милан - Реал Мадрид, 65 милиони евра
5. Единсон Кавани
Наполи - ПСЖ, 64,5 милиони евра
Зошто баш Јувентус?
ПСЖ, Кинезите и главниот претендент Арсенал фигурираа како нови клубови на Игуаин но само на ниво на гласини. Единствениот клуб кој прати понуда за Игуаин беше Атлетико Мадрид. „Јорганџиите" понудија 60 милиони евра и плус двајца играчи, но Де Лаурентис го сакал целиот износ оддеднаш. Според луѓето кои биле во непосредна близина на претседателот-кинопродуцент, Наполи воопшто не сакал да ја продаде главната ѕвезда верувајќи дека со висока цена ќе ги одвратат потенцијалните купувачи. Истовремено, на другата страна во Италија шампионот не барал само замена за Алваро Мората, туку квалитетна замена.
Важно е да се сфати и дека ова не е „синдром Баерн Минхен" за слабеење на конкурентите. Игуаин во моментов е еден од тројцата најдобри центарфори во светот, а Старата Дама има пари и сака да доминира во Европа.
Кога Суарез или Левандовски во Торино можеа да ги донесат само на сила, семејството Ањели одбра пореална опција. Во почетокот ги уплашија цената и возраста, а Де Лаурентис еднаш кажа дека нема да преговара со конкурентите. Преостана само некој да ја плати откупната клаузула за Гонзало.
Јувентус е изморен од победи дома и ја сонува Лигата на шампионите. За таа цел главниот спонзор на Дамата - инвестиционата компанија Ексор не жалеше средства. На почетокот на јуни го купија Миралем Пјаниќ од Рома за 32 милиони евра, а сега на ред дојде и вториот конкурент за титулата од кого за сума од 90 милиони евра го купија 30-годишниот Игуаин што ги однесе „Бјанконерите" на водечкото место на листата најголеми потрошувачи во последните две години.
Откупната клаузула за Игуаин важеше до 31 јули и изнесуваше 94,7 милиони евра во случај самиот играч да го откупеше својот договор, а обештетувањето за клубовите изнесуваше - 90 милиони евра. Притоа овој износ може да се плати на две рати во рок од две години, така што менаџментот на Јувентус сега му платил на Наполи 45 милиони евра и следната година уште 45.
Што ќе биде сега со Наполи?
Наполитанците и без Игуаин постојано беа меѓу кандидатите за скудето, така што малку е веројатно дека било што ќе се промени во блиска иднина. Покрај тоа, останатите лидери на тимот нема да одат никаде. Пример за тоа се Кваљарела, Лавеци, Кавани - секој пат по заминувањето на некоја ѕвезда, клубот се враќаше уште појак. Де Лаурентис без оглед на се работи одлично: Аѕурите се во првите 20 клубови со најголема заработка на светот.
Целиот приход од продажбата на Пипита, Наполи ќе го потроши во купување на нови играчи. Се зборува за Карлос Бака (Милан), Корентин Толисо (Лион), Свен Кумс (Гент), Аркадиуш Милик (Ајакс), Пјетр Зелински (Удинезе), Амаду Диавара (Болоња), Андре Ајо (Свонси), Марко Рог (Динамо Загреб) - тоа е делумната листа на оние кои би дошле во Неапол.
Но најважно е дека претседателот веќе најде замена за Игуаин и договори средба со Мауро Икарди (6,5 милиони евра годишно + неговата жена и менаџерка Ванда Нара да добие улога во новиот филм на Де Лаурентис). Останува да се види дали Интер ќе прифати да го пушти капитенот и најдобар играч.
Зошто толкав револт во градот под Везув?
Навивачите на Наполи ги мразат готово сите екипи од северот на Италија, но посебно го мразат Јувентус. Ривалството е историско, така што секој трансфер во Торино е страшен грев. Исклучок се само Дино Ѕоф и Чиро Ферара кои ги продале во време на криза кога Наполи морал да собере пари за да не пропадне. Но Хозе Алтафини, Фабио Кваљарела и сега Гонзало Игуаин засекогаш се проколнати од навивачите и градот.
Парите за трансферот на Аргентинецот се подарок од компанијата Exor, контролирана од семејството Ањели, но во суштина Јувентус ќе има потешкотии да се задржи во рамките на финансискиот фер плеј, освен ако не ги продадат Симоне Ѕаѕа, Роберто Переира, Лемина и други не баш релевантни играчи.
Од таа страна јасно е дека доаѓањето на Игуаин нема никаква врска со заминувањето на Погба, но понудата на Манчестер Јунајтед е премногу вкусна за сечив вкус и Јуве не може да оддолее. Како и да е, и без Французинот Старата Дама ја има можеби најсилната средина во Европа.