Хамес Родригез (80 милиони евра)
Со 23 години стана еден од најдобрите стрелци во историјата на Мундијалите. Колумбиецот постигна 6 гола на СП во Бразил и со тоа го привлече вниманието на Реал Мадрид. Кралевите за него одвоија фантастични 80 милиони евра!
Нејмар (95 милиони евра)
Барселона лани официјално објави дека бразилскиот ас го платила 56 милиони евра. По истражувањата на шпанското обвинителство и новинарите се испостави дека каталонците потрошиле дури 95 милиони евра за Нејмар. По скандалот, претседателот Сандро Росел си поднесе оставка.
Герет Бејл (94 милиони евра)
Цената која што Реал му ја плати на Тотенхем за Бејл, долго време беше мистерија. Од првичните шпекулации дека кралевите платиле 100 милиони, на крајот се испоставија 94 милиони евра.
Роналдо (94 милиони евра)
Португалецот е првиот кој направи рекорден трансфер. За да го доведе од Манчестер Јунајтед во Мадрид, Флорентино Перез во 2009 година исплати 94 милиони евра!
Единсон Кавани (64,5 милиони евра)
Рекорден трансфер лани оствари и Кавани кога после две години го напушти Наполи и замина во ПСЖ за 64,5 милиони евра.
Фалкао (60 милиони евра)
Откако ја освои Европа лигата, Супер купот на Европа (хет-трик против Челси) и шпанскиот Куп со Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао за 60 милиони замина во Монако. За толку пари и Фиго замина од Барса во Реал.
Златан Ибрахимовиќ (69,5 милиони евра)
Ако Реал Мадрид во сезоната 2009/10 направи бум со Кака, Барселона возврати со Ибрахимовиќ. Златан од Интер во Каталонија премина за 69,5 милиони евра!
Зинедин Зидан (73, 5 милиони евра)
Во 2011 година Реал Мадрид потроши 73,5 милиони за да го убеди Јувентус да го пушти Зинедин Зидан. Со оваа сума, Зизу стана најскапо платениот фудбалер на светот во тој момент.
Луис Суарез (81,5 милиони евра)
Барселона не се исплаши од 4-месечната суспензија која Суарез ја заработи поради гризењето на Кијелини. Блауграна издвои 81 милион евра за Уругваецот, кој дојде од Ливерпул.
Кака (65 милиони евра)
Првата епизода раскинување на љубовта меѓу Милан и Кака се случи кога Реал Мадрид во 2009 година понуди 65 милиони евра за Бразилецот. Кака сега е во Сао Пауло, како позајмен од Орландо.