Таг: хамес родригез

Кога ќе го поништиш Хамес Родригез

Еквадор ја уништи Колумбија со 6:1 во квалификациите за СП 2022, а 20 годишниот Гонзало Плата кој игра за Спортинг ја извреѓа ѕвездата на Евертон, ама страшно јако.

Топ 8 трансфери во Серија А за кои се очекува разврска

Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.

Како успеа од таму да ја свитка во агол?

Иако на прв поглед пријателските асоцираат на неатрактивен фудбал каде селекторите прават експерименти со формации и нови играчи, тоа сепак не е правило. САД и Колумбија понудија голеада од конечни 2:4, а Хамес Родригез беше велемајстор на мал простор. Колку само е тежок овој гол од таква позиција.

Ферски потег на Хамес Родригез - стоеше до зборот

Во ситуација кога мораа да ги перат грешките на својот голман Улрајх, Колумбиецот постигна гол против својот Реал Мадрид но не го прослави. Не се израдува и покрај тоа што на „Сантијаго Бернабеу“ не го третираа коректно.

Во Перу прават магии за да одат на Светско првенство

Во Јужна Америка остануваат уште 90 минути фудбал за да конечно се знае кои репрезентации ќе патуваат во Русија следното лето. Перу е селекција која игра сосема добри квалификации и вечерва треба да ја победат Колумбија во директен дуел макар за баражот. Пред мечот шаманите направија ритуал.

Зошто Порто и Бенфика најмногу купуваат од Јужна Америка

Културолошката и јазична блискост, како и идентичната клима им овозможува на Јужноамериканците во Португалија да имаат совршен почеток на европската одисеја. Од друга страна, португалските гиганти ги купуваат евтино а ги продаваат многу скапо и сите задоволни.

Хамес со ефе за голема радост на тренинг

Колумбискиот репрезентативец направи маестрален потег на тренингот на Реал Мадрид во понеделникот и се надева дека Зидан го видел.

Црвен картон за случаен минувач покрај Хамес Родригез

После долго време седење на клупата за резерви, Колумбиецот Хамес Родригез конечно заигра во првите 11 на Реал Мадрид, а расположението му го крена и рекламата за енергетскиот пијалак Gatorade. Луѓето од оваа компанија се решија за реклама со првиот случаен минувач кој стоечки го пие нивниот енергетски пијалак.

Адидас ја згреши самогласката на Колумбија

Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.

Хамес Родригез се повреди откако глумеше фаул

Во првиот меч од Копа Америка, Колумбија со 2:0 го победи домаќинот САД, а мечот го одбележи повредата на фудбалерот на Реал Мадрид кој се обиде да симулира прекршок, но камерите го уловија.

Реал Мадрид не простува промашувања, Волфсбург оди понатаму

Како ретко кој во историјата, фудбалерите на Рома создадоа преку 5 стопостотни шанси, но не реализираа ниту една и Роналдо и компанија ги казнија за тоа. Со вкупни 4:0 Реал Мадрид оди во следната фаза каде се пласираше и Волфсбург.

Како лекарот на Реал мести рамо за 5 секунди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез падна незгодно при еден дуел на мечот со Рома, но еден од лекарите кој истрча да му помогне, со два потега покажа зошто е вработен во кралскиот клуб.

Синхронизиран кикс на Родригез и Коентрао

Покрај бомбата на Родригез и нервозата на Роналдо зашто не даде вчера гол против Алмерија, навивачите на Реал Мадрид го зборат и неочекуванот аут на фудбалерите на Реал Мадрид.

Навивач го сними голот на колото

На една минута пред крајот на првото полувреме, трпелив навивач на Реал Мадрид го нишанеше со телефон голот на Алмерија во вистинскиот момент, кога Хамес Родригез ја распали бомбата со лева.

Ќе има ли Реал место за Хамес?

Со доаѓањето на колумбискиот напаѓач, во навалната линија од средниот ред на Реал Мадрид се создаде голема гужва. Доколку не се остварат трансферите на Кедира и Ди Марија, Анчелоти нема да знае кого попрво да стави во првиот тим.

Реал и Барселона се наддаваат

Кралскиот клуб прв почна неконтролирано да фрла пари за трансфери и во топ 10 листата на најскапи фудбалери во историјата има пет за кои се опрчија 406 милиони евра. Втори се Каталонците кои за Ибрахимовиќ, Нејмар и Суарез потрошија 245.5 милиони европски банкноти.

Старите или новите „Кралеви“?

Со купувањето на Тони Крос од Баерн, а денеска официјално и на Хамес Родригез од Монако, Реал Мадрид создаде силна петорка која ќе биде задолжена за полнење на мрежите и освојување на трофеи. Некои почнаа да прават споредби со славните Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Роналдо.

Кој си ја качи цената на Светско?

Скаутите за време на планетарниот фудбалски собир не ја меркаа многу играта на Роналдо, Меси, Нејмар и другите докажани играчи. Нивното око има задача да ги лови младите, надежните и талентираните. За нив потоа почнува битка на летниот трансфер пазарот.

Од дружба со нарко-дилери до мундијалска ѕверка

Пред Светското во Бразил на голема сцена беа претставени најатрактивните фудбалски ѕвезди на светот, список на кој речиси никој не го споменуваше Хамес Родригез, Колумбиецот кој ќе стане прв стрелец на турнирот.

Последните секунди со Родригез

Напаѓачот на Монако летово на 22 години го одигра првиот Мундијал во кариерата, а повикот за Колумбија го искористи за да стане најдобар стрелец во најсилната светска конкуренција со 6 голови. Последниот свиреж на Рицоли вчера за него не беше важен за тоа кој ќе стане Светски првак.