Кралскиот клуб сезонава би можел да направи цела екипа од фудбалери кои играат само во средниот ред. Бејл, Иско, Ди Марија, Кедира, Крос, Иљараменди, Роналдо, Модриќ, Чаби Алонсо, Хамес Родригез и Хесе се играчите кои ќе конкурираат за 4-5 места во првиот тим.
Флорентино Перез кој со најскапите трансфери во историјата ги поместува границите во фудбалот донесе многу ѕвезди, слично како во претходната ера со легендарните „галактикос" меѓу кои беа Бразилецот Роналдо, Фиго, Зидан, Овен, Бекам, Роберто Карлос и Раул,
На повидок е заминување на Кедира и Ди Марија од „Сантијаго Бернабеу", но еве како би изгледале евентуалните формации на Анчелоти доколку тие останат во тимот:
Со неизбежниот Ди Марија, во средниот ред покрај Крос би играл или Чаби или Модриќ.
Формација 4-3-3 без Родригез;
Формација 4-3-3 без Ди Марија и Хамес:
Формација 4-3-2-1 без Ди Марија но со Родригез;