Иако на прв поглед пријателските асоцираат на неатрактивен фудбал каде селекторите прават експерименти со формации и нови играчи, тоа сепак не е правило. САД и Колумбија понудија голеада од конечни 2:4, а Хамес Родригез беше велемајстор на мал простор. Колку само е тежок овој гол од таква позиција.