Адидас ја згреши самогласката на Колумбија

Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.

Самогласките се потенцијален кошмар во јавните настапи на големите компании. Адидас тоа најдобро го научи.
 
Компанијата неодамна го објави новиот дезен на дресот на Колумбија за Копа Америка, но имаше само еден проблем. Дресот е убав, но производителот заборавил како да го спелува името на земјата, па така на белите дресови испишале Columbia наместо Colombia. Адидас, чијшто главно седиште во Северна Америка е во Портланд веднаш јавно се извини за пропустот и грешката:
„Ја цениме нашата соработка и партнерство со Колумбиската фудбалска федерација и се извинуваме за нашата грешка. Веднаш ги тргнавме тие графици и инсталиравме нова верзија“, стои во соопштението на Адидас.
Но Интернет, посебно Твитерџиите уште беа изненадени од таквиот скандалозен пропуст:

Се огласи и легендарниот Колумбиец Фаустино Асприља:

Нема оправдание за грешката на Адидас, но по пишувањето на Орегонлајв, постојат неколку причини зошто тие се збуниле.

- Можеби штотуку завршиле со прошетка во регионот Columbia River Gorge;

- Можеби само што се вратиле од посета на Универзитетот Columbia;

- Можеби носеле јакна од марката Columbia Sportswear па се помешале.

9 јуни 2016 - 10:13