Хамес Родригез (Колумбија)
По принудното отсуство на Радамел Фалкао, кој го пропушти Мундијалот поради тешка повреда, нападот на Колумбија беше предводен од Родригез кој како најдобар стрелец на Светското со 6 гола си го заработи статусот ѕвезда.
Минатото лето во пакет со Жао Мутињо го засилија Монако за сума од 102 милиони долари, но според тврдењата на шпанските медиуми тој веќе се договорил за трансфер во Реал Мадрид тежок 107 милиони долари.
Тони Крос (Германија)
24 годишниот германски репрезентативец го заврши Мундијалот со 2 гола, 4 асистенции и Златен пехар, а во конкуренција на играчи како Гетце и Ширле, тој беше стартер на ова Светско првенство. Само три дена по финалето на Маракана „Кралевите“ го купија од Баерн Минхен за сума од 34 милиони долари.
Кејлор Навас (Костарика)
Голманите го красеа Светското во Бразил, а помеѓу махерите на голот како Мексиканецот Очоа и Американецот Хауард е и Навас кој беше еден од најзаслужните за историското четвртфинале на Костарика. Во регуларниот дел од натпреварите тој прими само два гола, а овие денови медиумите од Шпанија и за него објавијва дека е договорен трансферот од Леванте во Реал Мадрид.
Пол Погба (Франција)
Има само 21 година и е еден од најважните и најкорисните фудбалери во играта на Франција. По каракетристиките потсетува на Јаја Туре, а со оглед на разнишаната атмосфера во клубот кој остана без Антонио Конте, Јувентус ќе има тешкотии да го задржи. Мундијалот го заврши со признанието за најдобар млад играч, а прв кој сака да го улови е Челси. Според англиските медиуми неговата цена по Светското изнесува 102 милиони долари.
ДеАндре Једил (САД)
Дефанзивецот на американската селекција заработува 92.000 долари годишно во Сиетел, 72 пати помалку од колегата Клин Демпси. Со своите 21 година, тој одигра три меча на ова Светско, а интерес за него покажа тимот на Рома. Од неговиот клуб изјавија дека сега чини 6,5 милиони долари.
Енер Валенсија (Еквадор)
Класичните напаѓачи не се истакнаа многу на Мундијалот во Бразил. Од топ стрелците: Родригез, Нејмар, Меси, Милер и Ван Перси, само Холанѓанецот е класичен центарфор. Валенсија беше единствената 9-ка со три гола на три меча. Од Мексико се сели во Премиер лигата во тимот на Вест Хем за сума од 20 милиони долари.
Дивок Ориги (Белгија)
19 годишното откритие на Белгија му го зема местото на Лукаку на неколку натпревари за време на Светското. Тој го постигна победничкиот гол против Русија, а можеше да го наполни голот на САД, доколку Тим Хауард не бранеше херојски. Настапува за Лил, а според пишувањата на некои медиуми тој ќе биде замена за Луис Суарез во нападот на Ливерпул.