Под водство на новиот тренер Маурисио Почетино ПСЖ продолжува борба за трофеј на сите фронтови. Ја елиминираа Барселона од Лига на шампиони, а го исфрлија и лидерот во Лига 1, Лил од Купот на Франција. Најзаслужни за тоа се Мбапе и голманот Навас. Костариканецот брани како во втора младост.
Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.
Батали ти Халанд, Борусија и пораз во ЛШ, дај ние да се направиме летви вечер на роденден. На кого му е? Па Кавани и Ди Марија на ист ден се родени, 14-ти февруари, а Икарди на 19-ти. Во ист ден ќе го слават тројцата, Ванда ќе организира забава.
Голманот која се прослави на Светското првенство 2014-та во Бразил е еден од ретките кој ќе направи кикс а потоа ќе го надомести со врвни одбрани на голот. Така беше и на двомечот со Баерн. На првиот дуел во Минхен Кимих му даде гол буквално во негов агол а во текот на мечот Кејлор Навас бранеше како мачка. Така беше и синоќа.
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
Во само една сезона Кејлор Навас стана еден од најдобрите голмани во историјата на Реал Мадрид, откако примаше во просек по 0,82 гола по натпревар што е најдобар учинок во 20 години.
Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.
По тренинзите на Костариканецот јасно ни е зошто толку Реал запна по него. Конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му бидат Икер Касиљас и Диего Лопез. Со староседелецот веќе го доби првиот дуел.
Шест годишен договор со Реал Мадрид не се постигнува лесно. Скаутите на Реал освен што ги следеле блескавите изданија на Кејлор Навас на Мундијалот во дресот на Коста Рика, сигурно го гледаме и овој специјален и разновиден начин на тренирање со кој ја одржува врвната форма. Нека му ја мисли Касиљас.
Скаутите за време на планетарниот фудбалски собир не ја меркаа многу играта на Роналдо, Меси, Нејмар и другите докажани играчи. Нивното око има задача да ги лови младите, надежните и талентираните. За нив потоа почнува битка на летниот трансфер пазарот.
Со херојскиот пристап и квалитетите кои ги имаат, некои голмани од американските селекции тешко дека ќе одолеат на богатите понуди кои се очекува да стигнат од Европа. Покрај Очоа, тоа сигурно ќе биде јунакот на Костарика кој синоќа го скроти клучниот пенал на Грците за историско четвртфинале.