Барселона тргна фуриозно на реваншот со ПСЖ и после шансите на Сержињо Дест (пречка) и Дембеле, изгледаше дека ако францускиот шампион прими гол во тие моменти, до крај Барса ќе направи тотален пресврт.
Иако први примија гол, Каталонците можеа потполно да се вратат во игра. Во судиско продолжение од првиот дел, судијата Ентони Тејлор досуди пенал по фаулот на Курзава над Гризман во шеснаесетникот.
Резултатот беше 1-1 и Меси отиде кон белата точка. Лео неколку минути претходно постигна неверојатен гол.
Тоа беше идеална прилика Барса да поведе 1-2 и со реална цел да брка 2 гола во вториот дел. Но Аргентинецот шутираше по средина, па голманот на ПСЖ Кејлор Навас успеа да одбрани со коленото а топката се одби од пречка и отиде далеку.
„Многу сум среќен и благодарен на Бога. Пеналот секогаш е тежок испит, особено против Меси. Но бев посветен и можев да одбранам. Многу сум среќен и оваа одбрана му ја посветувам на Серхио Рико кој со семејството проаѓа низ тежок период (на Рико неодамна му починал татко му)“, изјавил јунакот на ПСЖ после мечот.
Беше избран за играч на мечот после 9 чисти одбрани и 1 фатен пенал
✅ 9 arrêts au total
— RMC Sport (@RMCsport) March 10, 2021
✅ 1 penalty arrêté devant Messi
Keylor Navas, élu logiquement homme du match face au Barça. #PSGFCB pic.twitter.com/ksb6ECVtRd
ВРВЕН ПЕНАЛЏИЈА КОЈ РЕДОВНО МУ СЕ МОЛИ НА БОГА И ЧИТА БИБЛИЈА
Кејлор Навас е мастер за пенали. Синоќа го одбрани 17-от пенал од 55 шутирани против него во кариерата (успешноста му се мери на околу 30%).
Интересно до синоќа Костариканецот 4 пати бранел пенали на Меси и 4 пати примил гол. Петтиот обид бил среќен. Тој смета дека му помогнал ритуалот кој го исполнува уште од рано детство.
Созреал порано од врсниците. Кога имал 4 години, родителите му емигрирале во САД. На семејството очајно му требале пари а во Костарика немале работа за да заработат доволно за пристоен живот.
„Кога се простувавме, Кејлор со солзи во очи ми викаше: 'Не оди, те молам не оди'. Јас бев скршена на два дела, но мораше да мислиме на иднината и заминавме“, раскажала еднаш мајка му.
Малиот Навас го оставиле на воспитание кај баба му и дедо му. Но американскиот сон на родителите никогаш не се исполнил. Тие се занимавале со работи надвор од нивните професии (мајка му која тргнала во САД да биде учителка, станала негувателка).
Не заработувала многу пари, во меѓувреме се расипале и односите со сопругот и после неколку години завршиле со развод.
Животот на Кејлор го сменил една голманска одбрана која се случила пред негови очи. Кога имал пет години, татко му го посетил во Коста Рика и го однел да гледаат некој младински фудбалси меч во регионалното првенство на Сан Исидро. Тој ден Навас го памети засекогаш:
„Видов како голманот направи страшна парада. Таа слика ми стои пред очи веќе цел живот. Сакав да станам таков како тоа дете. Имав 5 години, а тој некаде 12. Не беше ни професионален голман, ама мечтаев да станам како него“.
Кејлор наскоро почнал да тренира фудбал во фудбалската школа „Педрегосо“ која интересно после многу години добила 2.000 долари компензација за трансфер на Навас во Шпанија.
Истовремено со голманските вештини, Навас навлегувал и во религијата. Баба му и дедо му го научиле секој ден да ја чита Библијата и редовно да оди во црква на служба. Костарика важи за многу религиозна земја, па совети за христијанството добивал и од родителите на својот најдобар другар.
„Кога имав 7 или 8 години, мајката на еден другар ми кажа: 'За да ти биде полесно, пред секој меч зборувај со Бог, барај да ти постави ангел на голот. Тоа ќе ти биде дополнителна заштита“, раскажал Навас во една прилика.
Од мал обраќањето кон Бога му станало прав ритуал. Пред секој меч Кејлор клекнува на колена пред голот, широко ги отвора рацете и шепоти.
„Секогаш го правам тоа, дури и кога ми викаат глупав, прост и дека немало Бог. Разговарам со Бога и барам од него помош, и тоа ми дава самодоверба и спокој. Не престанувам ни кога ги слушам урлањата од трибини. Имам своја верба и никого не навредувам“.