Таг: бог

Црквата на Англија размислува за родово-неутрален Бог

Во обид да фати чекор со трендовите, Црквата на Англија ќе мозга како верниците да му се обраќаат на Бога, а тоа да не биде во машки род. Тие одамна знаеле дека Бог не е ни машко ни женско, вели нивниот портпарол. Со нетрпение чекаме што алтернатива ќе смислат за „Оче наш“.

Судски процеси против Господ

Колку и да звучи необично, луѓе го имаат тужено Господ, и во реалниот живот и во уметничките дела. Нештата за кои тој бил обвинуван главно имаат врска со неговото толерирање на злото, како и со штетните последици на неговите дејства.

Верникот кој чита Библија и се моли пред секој меч стана јунак на ПСЖ

Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.

Стивен Колбер и Џ. Р. Р. Толкин за страдањето

Кога прочитавме дека во интервјуто на Андерсон Купер со Стивен Колбер на Си-ен-ен од 16 август главната тема била тагата, тоа ни зазвучи необично. Колбер - циничниот комичар - зборува за тага? Да, и за страдање, и за Бог, и притоа го цитира Толкин.

Божјата машина која требала да го донесе рајот на Земјата

Во октомври 1853 група луѓе се собрала во Лин, Масачусетс, и почнала да работи на мистериозна машина. Навидум обична метална конструкција, таа била наречена Нов мотор, на кого му се припишувале божествени својства.

„Сосема ново Свето писмо“ (Le tout nouveau testament, 2015)

Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!

Koј бил првиот атеист?

Атеизмот како феномен некако го поврзуваме со христијанството и генерално со монотеизмот, како претходно да немало луѓе што не верувале во натприродни сили, Бог или богови. Една нова книга се однесува токму на тие предхристијански атеисти.

Зошто е тешко да НЕ веруваш во Бог?

Радикалните атеисти сметаат дека религијата е куп наметнати лаги и измислици. Но што ако верувањето во натприродното е всушност природно?

Човекот кому на сон Господ му рекол да прави гитари за деца

Кога пред три децении Ед Стили, кој денес има 85 години, почнал да изработува инструменти, всушност немал појма што прави. Немал никакво искуство ниту некој да го подучи, а богами немал ни материјали, освен остатоци од дрво од пиланата каде работел. Ама имал едно нешто што не се купува - верба.

Седи ди си, јер за боље ниси

Дали на нас ни е по вољу да признаемо или не, капа почна да се крои, односно, јебани Адам и Ева ни га скувасва гра у зачетак на светлост- и би светлост, па заради њини црвљиви јабуке и жељу да им мрда дупе, Ное реши да нè казни, и од т'к искрено, бел д'н не видесмо, па су сви овија актуелни иницијативе пандан и обид да се искупи гре на човечку прошлост и похлепност да се огреши како Ацета Македонскога сас туѓо и истополово створење ала ЕЛА ЛИГО, ПЕДИ МУ...