Длaбоко религиозен, тој идејата за правење гитари ја добил во сон. Самиот раскажува дека Бог му наредил да почне со таа работа, а инструментите да ги дели на деца без пари.
Следните години Стили почнал да прави гитари со различна големина и форма, како и дулчимери, виолини и други жичани инструменти. Не се потпишувал на неговите креации, но на нив ги ставал зборовите „Вистинска вера, вистинска светлина, имајте верба во Бог". Научил да го омекнува дрвото и други финти за полесна обработка, а собирал сечива, жици и други предмети од отпад за да ги употреби во дизајнот. Резултатите се регистрирани во книгата „Надарен: инструментите на Ед Стили" на фотографот Тим Хејли, која беше објавена во декември минатата година.
Фотографот слушнал за Стили во вести на локалната телевизија. Тие се спријателиле во 2011, а Хејли преку огласи успеал да пронајде 40 од гитарите кои им биле подарени на деца низ цела Америка.
„Луѓето ги чуваат овие гитари и се многу горди на нив. Некои ми ги извадија од штали, покриени со прашина и валканици. Но ги оставив такви, затоа што мислев дека тоа е дел од целата приказна".
За жал Стили не направил нови инструменти од 2005, кога му попуштило здравјето. Хејли го утепал од молење да му направи една, па на крај успеал да добие една, закоја вели дека „сака да свири госпел, а не сака џез". Има нешто...