Црквата на Англија која е мајка-црква на меѓународната англиканска заедница, ќе ја разгледува употребата на родово неутрален термин со кој верниците би му се обраќале на Бога во своите молитви.
Ова е нивен одговор на модата за употреба на поинакви лични заменки од оние кои ги сугерира биологијата.
„Христијаните одамна знаат дека Бог не е ниту машко ниту женско. Сепак, начините на обраќање и описите во Светото писмо не секогаш го одразуваат тоа“, изјавил портпаролот на црквата.
Расправата ја потегнал еден од свештениците во Синодот, кој побарал принципот на инклузија да биде вметнат и во официјалните форми на богослужба.
Црквата минатиот месец одби да склучува истополови бракови, но дозволи свештениците да им даваат благослов. Им се извинија на ЛГБТ лицата заради одбивањето и непријателскиот однос со кој досега се соочувале.
Едно е Господ.