Дивиот лосос ја добива својата нијанса преку јадење крил и ракчиња, кои содржат портокалово-црвенкаста состојка наречена астаксантин (патем, и фламингата се розови заради тоа што обилно јадат ракчиња). Нијансата на месото на дивиот лосос варира - оној од Аљаска е најцрвениот, а оној појужно, бидејќи јаде помалку крил и ракчиња, има попортокалова боја.
Но, вештачки мрестениот лосос е хранет со нешто што делува како бљак мешавина од помали риби, пченкарен глутен, соја, кокошкина маст и генетски модификуван квасец. Со оглед на тоа, бојата на неговото месо е исто така бљак. За да се исправи работата, одгледувачите во погоре опишаната „каша" додаваат и астаксантин, кој понекогаш се прави од природни алги или прав од оклопници, но често и во лабораторија, што значи дека содржи и пигментирачки хемикалии. Тоа дека рибата е „пигментирана" не можете да го знаете освен ако баш не се зачитате во декларациите, кои по еден судски спор од 2003 мора да содржи предупредување дека лососот е „дополнително обоен".
За да се олесни процесот на селекција, фармацевтскиот гигант Хофман-ЛаРош има развиено стандардизирана карта на нијанси. Притоа естетскиот стандард го одредува бојата на дивиот лосос, кој е повкусен, похранлив и чини два-три пати повеќе од оној од фарма.
Пигметинрачките материи се всушност најскапата компонента од вештачката исхрана на лососот, и изнесуваат 20% од вкупниот трошок. Но тоа на одгледувачите им се исплати, бидејќи добрата имитација на дивата риба може да се продава исто толку добро колку и „оригиналот", што пак прави рибарите на Пацифичкиот северозапад да ги снижуваат нивните цени за да можат да ја издржат конкуренцијата.
Заклучок: луѓето сакаат да јадат див лосос, ама па не до толку за навистина да го купат. Наместо да ја поддржуваат сета таа илузија по цена и на сопственото здравје, можеби е полесно да се навикнат на 50-те нијанси сив лосос со боја на лосос.