Рибниците на отворено на полуостровот Вестфјордс на Исланд треба да убијат над 1 милиони лососи што ги одгледуваат откако целата популација била заразена со морски вошки, која до толку ги има разјадено рибите што им се гледа черепот.
Истражувачи од Кина дизајнираа алтернатива на пластика која можеби еден ден ќе се користи и за изработка на пластични ќеси. Засега oд неа се направени се делови од сложувалка, модел на ДНК и шоља, од која сепак не е препорачливо да се пие - во допир со вода материјалот се враќа во „желатинестата“ форма.
На почетокот на летото мечките на Аљаска редовно се монтирани покрај реките или во нив, на обилна гозба со лососи. Но, кога од топлото време шумските бобинки ќе созреат порано, ете ги нив по грмушки. Целата приказна и не е толку банална.
Бојата на лососот се опишува како „портокалесто-розова" и е толку специфична што постоjaт и кармини со „лосос боја". Иако тоа навистина е бојата на месото од див лосос, онаа на лососот растен во мрестилиште е - сива. Или барем би требало да биде таква, доколку одгледувачите на лосос не замешуваат пелети кои „орозевуваат" во вештачката храна на сиротата риба.