Панирана риба

Лосос со бадеми

Вкусен лосос паниран со сецкани бадеми и копар.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 100 гр. бадеми
  • 1 лажичка рендана кора од лимин
  • 1 1/2 лажица сецкан копар
  • 20 гр. путер
  • сол и бибер
  • 4 парчиња лосос

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измелете ги бадемите во блендер. Префрлете ги во длабок сад и измешајте го со кора од лимон, копар, путер, сол и бибер. добро измешајте ја смесата за да се соедини. 

Ставете ги филетите лосос во плех обложен со хартија за печење. Поделете ја смесата од бадеми врз секоја од филетите и притиснете ја за да се залепи. Печете ја рибата 15 минути додека да добие златно жолта боја. 

Послужете ја веднаш со гарнир од свежа салата и парчиња лимон.

7 февруари 2013 - 07:00