Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 филети од лосос
- сол
- бибер
Прелив
- 3 лажици мајонез
- 2 лажици сенф
- 2 лажички естрагон (тарагон) зачин
- 1 лажица сок од лимон
- прстофат шеќер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во еден сад добро измешајте ги мајонезот, сенфот, естрагон зачинот, 1 лажица сок од лимон и прстофат шеќер. Зачинете го преливот со сол и бибер по вкус.
Ставете ги филетите од лосос на плех обложен со хартија за печење. Зачинете ги со сол и бибер. Печете го лососот во загреана рерна 10 минути. Потоа извадете го плехот од рерна и врз секое парче лосос ставете по една лажица од преливот. Вратете го лососот во рерна и печете го уште дополнителни 5 минути.
Послужете го лососот веднаш заедно со остатокот од преливот.
На здравје!