Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 400гр. сладок компир
- 60мл. маслиново масло
- 2 тиквици, исецкани на коцки
- 4 парчиња лосос
- 80гр. зелени маслинки без семки
- 2 лажици нане, ситно сецкано
- 1 лимон
- 1 чешне лук
- 1/2 авокадо
Подготовка
Ставете тавче за печење во рерна и уклучете ја да се загрее на 220 степени.
Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки од 1см. Обложете го загреаниот плех со хартија за печење и наредете ги компирите. Зачинете ги со сол, бибиер и масло и печете ги 10 минути. Потоа додадете ги во плехот тиквиците, зачинете ги по вкус и печете ги уште 10 минути.
Намачкајте го лососот со масло и зачинете го со сол и бибер. Ставете хартија за печење во тава и ставете ја на рингла на силен оган. Печете го лососот во тавата по 3 минути од секоја страна. Потоа покријте ја тавата, исклучете ја ринглата и оставете го да стои во тавата уште 5 минути.
Изматете ги во блендер маслинките, нане и 2 лажици масло. Додадете сок од половина лимон, лук и авокадо. Продолжете со матење додека да се соединат состојките.
Послужете го лососот со печениот зеленчук, сосот од авокадо и маслинки и една кришка лимон.