Лесен ручек

Лосос со салата од краставици

Лесен ручек од печен лосос со свежа салата од краставица и целер.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња лосос
  • 2 краставици
  • 2 парчиња целер
  • 100 гр. павлака
  • 1 лажица оцет
  • 50 гр. магдонос ситно сецкан
  • сол и бибер

Подготовка

Краставиците исецкајте ги на тркалца и целерот исецкајте го ситно. Во длабок сад помешајте ги павлаката, оцетот и 1/4 лажичка сол и бибер. Додадете ги краставиците, целерот и магдоносот и убаво промешајте.

Загрејте малку масло во тава на средна температура. Парчињата лосос зачинете ги со сол и бибер. Пржете ги по 5-6 минути од секоја страна. Послужете ги со приготвената салата и гарнир по желба.

16 ноември 2012 - 18:46