Што читаше Лондон на 12 август 1903

Поп Тома Николов: Македонија на Македонците, а не Голема Бугарија

Со наслов „Целите на Македонците“, специјалниот дописник на лондонскиот Дејли њус со сознанија од лице место се обидува да ја исправи погрешната слика и недоразбирањата кои Европа ги има во поглед на тоа кој и за што се бори овде, во Македонија.

„Нашиот идеал е Македонија на Македонците а не Голема Бугарија“ објаснува протореј Тома Николов кого англискиот дописник го нарекува „Fighting Pope“, претходно пренесувајќи ги причините и околностите поради кои тој од свештено лице станал комитаџија и лидер на чета во битолскиот округ.

„Христос може да им прости на Турците, ние не можеме,“ вели поп Тома кој е сигурен дека со нивната герилска тактика можат Османлиите да ги реметат со години. 

Тој ја објаснува структурата на организацијата во која се регрутираат локални борци кои го познаваат секое дрво и камен во својот округ но истовремено, постои силна вертикална организираност и дисциплина во организацијата. 

„Значи, не сте за Голема Бугарија?“, го подбуцнува репортерот на Дејли њус.

„Никогаш!“, вели протојерејот со својот силен и ѕвонлив глас. „И сакам тоа да го пренесеш на својата публика во Англија. Не дека ние Македонците не сме ѝ благодарни на Бугарија. Напротив, благодарни сме за сета помош која доаѓа од Бугарија и нека ја има и повеќе. Но, Бугарија не треба да ни помага од себични мотиви. Ако постојат Бугари кои сонуваат дека Македонија ќе биде анектирана како награда за нивната помош, таквите ќе доживеат сурово будење!

Ние нема да дозволиме некој друг да ја контролира нашата борба во Македонија. Единствените вистински и ефикасни борци се Македонци. Поради тоа што се организирани локално, тие имаат познавање на земјата и теренот какво што регрути од Бугарија не можат да имаат. Ако Софија праќа луѓе, тие овде ќе бидат добредојдени само ако се вклопат во нашата домашна организација, или „внатрешната организација“, како што ја викаат во Бугарија. Да не помислуваат дека ќе имаат некоја своја власт, како што претходно некои од нив помислувале“., вели поп Николов за читателите на Дејли њус, на 12-ри август 1903 година.

Прц, странски предатори и домашни квислинзи. П-р-ц.

**********

***********

Бонус:

 

 

 

 

 

 

2 август 2020 - 12:19