Јаворов сируп
Киселите дождови, непредвидливото време и напади на инсекти го загрозуваат и онака деликатното производство на јаворов сируп.
Кафе
Директорот на Старбакс за одржливост изјави дека е загрижен од можните реперкусии што променливата сезона на дожд, урагани и исцрпувањето на насадите, може да го има врз кафето. "Она што гледаме како компанија кога ќе видиме 10, 20, 30 години од сега е дека ако продолжат ваквите услови ќе имаме потенцијален проблем за нашиот синџир на снабдување со Арабика," изјавил Џим Хана за Старбакс.
Чоколадо
Најголемиот дел од чоколадото што се консумира во светот доаѓа од држави кои секоја година имаат раст на температурите и нередовни врнежи. Ова сериозно ги загрозува насадите со какао во места како Гана или Брегот на слоновата коска, од кои се произведува половина од чоколадото во светот. Заради ова истражувачите предвидуваат скок на цените и потреба од креирање на нови сорти какао кои ќе ги издржат временските услови.
Пиво и вино
Двата пијалака најмногу ќе страдаат заради глобалната криза со вода. Германците веќе имаат проблем со одгледување на јачмен и хмељ заради проблеми со наводнување. Токму заради ова и ЕУ донираше 9 милиони долари за системи за наводнување во неколку региони во Германија. Додека во Франција зголемените температури директно влијаат на квалитетот и вкусот на грозјето.
Паста
Како последица на зголемените температури и се помалите врнежи, Италијанците во иднина ќе имаат сериозни проблеми со насадите на пченица. Според научниците од Британската метеоролошка канцеларија, Италија комплетно ќе остане без пченица до крајот на овој век.
Пастрмка и Лосос
Глобалниот раст на температурите на водата, влијае на животниот век на двата вида риби, притоа менувајќи го и распоредот за расплодување. Истражување од 2002-ра предвиди дека до 2090-та пастрмката и лососот ќе исчезнат од 38% од нивните сегашни живеалишта.
Јагоди
Британскиот научник др. Дејвид Симпсон, забележа дека северните области кои се погодни за одгледување на јагоди, имаат проблем со високи температури кои ја намалуваат жетвата на јагодите.