Таг: пиво

Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

Ова со климатските промени станува сериозно

Цената на пивото (барем во Британија) веќе е порасната за 13% од пандемијата, а не само што ќе продолжи да расте туку и пивото ќе стане погрдо од тоа што е сега, е предупредувањето за тоа како глобалното затоплување ќе влијае на пивото.

Бад лајт веќе не е ни во топ 10 пива во Америка

Некогаш најпродаваното пиво во Америка падна од листата на 10 најпопуларни пива во земјата откако неколку месеци не може да се раатиса од маркетинг одлуката да го ангажира транс-активистот и инфлуенсер Дилан Мулвејни, за свое заштитно лице.

Од здрав пијалок до отров: историјата на еден забранет домашен алкохол кој со финта бил истиснат од пивото

Кога се зборува за забрана на алкохол обично се мисли на прохибицијата во САД oд 1920-тите. Но тој бил прогонувано зло и во други контексти, а таквите забрани, особено за домашно направениот „огнен пијалок“ знаат да важат и денес. Оваа приказна е од Колумбија и содржи интересни детали, од начинот на производство (спојлер: плунка) до европските бизниси и нивните интереси.  

Владетелот кој наредил наместо кафе да се пие - пиво

Фридрих Втори или Велики бил еден од најзначајните државници на 18 век. Поборник на уметноста и филозофијата, тој на својот двор го примил Волтер (кој на гостопримството возвратил со тоа што во своите мемоари ја обелоденил хомосексуалноста на кралот). Ја реформирал бирократијата и промовирал верска толеранција. Но имало едно нешто кон кое не бил толерантен - кафето.

Пресметка на глобални пивопии

На 1,3 милијарди луѓе и некако е разбирливо што Кина годишно пие над 360.000 хектолитри пиво, тоа што вади од памет е што Чешка има просек од 181,9 литри пиво годишно по глава на жител. Бројките се за топ 25 пивопии во светот. Ние не сме меѓу нив ни во групна, ни во поединечна конкуренција.

Јужна Кореја, посвој нè

На камионџија во возење му се истура целиот товар гајби со пиво. Камионџијата застанува и не јаучи и пцуе сè до трето колено, туку почнува да го расчистува хаосот. Луѓето што се најдоа таму не седат на страна и да фаќаат сеир туку фатија и тие да чистат. Колите што минуваат не ги оптоварија свирките и не направија непроодна гужва, туку педантно го заобиколија хаосот. Јужна Кореја, посвој нè.

На белгиското пиво му снемаа руски шишиња

Не само што сè е поскапено во текот на производство, туку некои најосновни производи едноставно веќе не се достапни за некои од најлегендарните белгиски производители.

Мажи, фудбал и пиво - тешка фарса

Не се вознемирувајте од насловот, тоа секако стои. Погледнете го овој ас на УС Опен. Потоа и брејк му направи. Ц-а-р-и-ц-а.

Пиво на денот за навивачите на Интер

Вистински навивач на Интер ова го пие со сласт, а лименката ја чува додека не се излупи. Навивач на Милан никогаш нема да му побара голтка.

Октоберфест загадува повеќе од Бостон

Годишниот аџилак на милиони луѓе од пивска вероисповест е и еден од настаните кои најмногу загадуваат на планетава, без притоа да се брои кој како стигнал до таму.

Дали некогаш луѓето живееле само на пиво?

Првиот човек кој одгледал „питоми“ житарици не го направил тоа за да меси леб, туку за човечки да се напие. Така барем тврдат истражувачи, кои додуша не знаеме дали биле спонзорирани од некоја пивара. Ним им контрира друга група, веројатно платена во симит погачи.

Навивач во САД барал пари за пиво, на крај собрал повеќе од милион долари за детска клиника

На 14 септември во Алтун, држава Ајова, се играло студентско дерби во американски фудбал меѓу Хокајс и Сајклонс а ESPN го пренесувал мечот во живо. Се случил многу необичен момент.

Келнерски кошмари

Точено пиво, радост за цела маса, кошмар за секој што треба да ја напои таа маса. Не секогаш тоа завршува лошо, ама не секогаш е и добро.
 

Пиење и книги

На денот кога го оддржуваме деветото издание на „Јадење книги“ си велиме, да не згрешивме ние со хранава?

Или математикава е погрешна, или ние требало да живееме 300 години

По ново, секоја дополнителна кригла пиво (од 0,5) ти го скратува животот за 15 минути. Дополнителна над колку? Над 5 пива неделно.

1.200 ќебапи и 120 литри пиво за мајсторот кој дал кош од центар

Пред шест месеци, кошаркарскиот клуб Сплит организирал наградна игра - 1.000 ќебапи и 100 литри пиво за погоден кош од едниот на другиот крај на теренот и 500 ќебапи и 50 литри пиво за кош од центар. Како никој не погодил, наградата се зголемувала, па извесен Петар Гавранчиќ станал мајсторот кој дал кош и освоил 1.200 ќебапи и 120 литри пиво.

Необичен начин на точење пиво на новиот стадион на Тотенхем

Тимот од северен Лондон уште пред неколку месеци го заврши новиот модерен стадион, но и натаму игра на „Вембли“ поради некои финеси пред отворањето на новата арена.

Како може пиво да се пие на концерти а на фудбал не може?

Неколку англиски клубови се спремни да предложат бришење на забраната за продажба на пиво и други алкохолни пијалаци на стадионите. Оваа забрана во Англија важи добри 33 години.

Зошто на Европа и снемува јаглерод-диоксид, и пиво

Како што континентот ги затвора фабриките за амонијак, така почнува да се појавува недостаток на јаглерод-диоксид, кој пак во својата индустриска употреба (а не како загадувач на околината) е неопходен, меѓу другото и за правење меури во пивото.

Англичани ги сретнале руските хулигани од Марсеј и се частеле пиво

Неколку недели по почетокот на Светското првенство во Русија, многу луѓе се увериле дека во натписите на британските и американските медиуми за повторување на насилните сцени од страна на руските хулигани нема никаква вистина.