Студијата што ја прават Кембриџ и Академијата на науки на Чешка, покажала дека веќе има пад во приносот на европски хмељ, кој инаку е една од четирите главни состојки за производство на пиво. Според нив од 1995 до 2018 количеството на посаден хмељ се намалува за една петина.
Минусот на оваа култура се должи на посувото време кое најверојатно е последица на климатските промени, а и тој хмељ што се огледува има помало ниво на алфа киселини кои го даваат вкусот на пивото.
Како што предвидувањата се дека летата ќе станат подолги, потопли и посуви, стравот е дека хмељот ќе стане уште полош и помалку ќе го има.
Пивото е третиот најконсумиран пијалок на светот по вода и чај.