Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

Предлогот кој стигнува до законодавството на Тенеси е во иднина „физичките или правните лица кои имаа дозвола за продажба на пиво... да не смеат да продаваат оладено или ладно пиво“.

Според официјални бројки во секоја трета смртоносна сообраќајка во Тенеси учествуваат алкохолизирани лица.

Процената на пиварите е дека на продажбата на пакети пиво отпаѓаат 40 до 50 проценти од вкупната продажба, а од нив 90% се оладени.

19 февруари 2024 - 14:45