Пред натпреварот кој во САД го гледале илјадници гледачи што од трибини што на телевизија, традиционално одела програмата College GameDay која се одвива на отворено со водители меѓу толпа народ.
Овојпат во кадарот постојано се наоѓал еден навивач кој држел плакат во раце на кој пишувало:
„Дополнување на Busch Beer (марка пиво во Америка). Акаунтот на Venmo (платформа за донирање пари): Carson-King-25.
24-годишниот студент Карсон Кинг се подготвувал за натпреварот но немал влезници за трибините, па решил да гледа на бината кај што се одржувал College GameDay. Преносот траел цели три часа, така што плакатот на Кинг постојано влегувал во кадар.
Гледачите покрај тв екраните почнале да пуштаат пари на профилот на Карсон кој подоцна изјавил дека не можел да го гледа натпреварот зошто нотификациите на телефонот не престанале.
Во текот на првиот час, Кинг добил околу 400 долари од целата земја. Тој не сфаќал колку сериозно му тргнала работата и мислел дека ќе има за пиво да пие со денови.
Кога сумата прескокнала 600 долари, тој веќе се подзамислил.
Решил да се советува со родителите и одлучил сите собрани средства да ги донира на сметка на детската болница во Ајова.
Откако на сметка му легнале повеќе од 3.000 долари, целата приказна стигнала и до Busch Beer. Компанијата го ретвитнала постот на Карсон со коментар:
„Ова е најдоброто нешто што го прочитавме цела година, не инспирираше. Спремни сме да ја помогнеме твојата донација на Универзитетската детска болница во Ајова, а ќе пуштиме и некој Bucsh Light што бараше“.
.@CarsonKing2 this is the best thing we have read all year, we’re inspired.
— Busch Beer (@BuschBeer) September 17, 2019
We’re going to match your donation to University of Iowa Hospitals & Clinics, and we’ll throw in some of that Busch Light you were looking for. https://t.co/NPPrPp6zJg
Убавата сторија се ширела брзо, па разбрале и од платформата Venmo од каде исто соопштиле дека ќе ја поддржат донацијата за детската болница.
We see a lot of great stories, but this is one of our favs @CarsonKing2. Count us in for matching the donation to the hospital, too. #ftk💛@BuschBeer @CollegeGameDay https://t.co/thS8JXOXC3
— Venmo (@venmo) September 17, 2019
Набрзо целата приказна отишла и преку границите на Америка, па на 22 септември Карсон соопштил дека сумата стигнала до 333.000 долари. Тоа било причина, Busch Beer и Venmo да ја повторат својата донација, па детската болница од овој фонд ќе добие милион долари.
„Оваа болница е значаен дел од државата Ајова. Тие помагаат на деца од целата земја. Тие се едни од најдобрите во својата област. Затоа јас решив некако да им помогнам“, рекол Карсон кој не ја помага клиниката првпат.
Карсон решил акцијата да трае до крајот на септември и на крај тој лично ќе ги однесе парите во клиниката и ќе го предаде чекот на тамошните претставници.
За волја на вистината, Карсон нема да ја однесе целата сума, туку ќе однесе 15 долари помалку кои ќе ги искористи за она што првично го планирал.