Истото важи и за вино (само да не е во кригли, туку стандард чаша), а мерката која се брка и се смета клучна за човековото здравје е 100 грама алкохол неделно.
Тврдењето се базира на испитување на навиките на пиење на 600.000 луѓе, во кое кај испитаниците кои биле на 40-годишна возраст и испиле повеќе од 5 пијачки неделно, ризикот од прерана смрт остро пораснал.
„За 40-годишен човек секоја чаша алкохол над препорачаната недела граница го скратува нивниот живот за 15 минути. Ако 40-годишен пие по три чаши вино на вечер, на пример, тој губи 2 години од својот живот,“ изјавил раководителот на студијата, Дејвид Шпигелхалтер од Кембриџ.
За да не оди сингл само алкохолот, Шпигелхалтер дополнил „исто како и пушењето цигари.“
Наспроти овие стои една неодамнешна студија која пак ги опфаќа луѓето над 90 години. Кај нив пиење по две чаши вино или пиво на ден го зголемувало животниот век.