Неодамна починатата култна американска готвачка Џулија Чајлд викаше дека мрсното во месото го пренесува целиот вкус. Научно, си имаме работа со 4-метилпентаноична киселина.
Хипотезата на оние кои сакаат да ја посолат храната со малку наука е дека навидум неспоивите јадења (диња - пршутa, чоколадо - горгонзола, лубеница- сирење, месо-овошје) се сакаат како братче и сестриче благодарејќи на тоа што имаат доволно заеднички елементи на вкусови.
Сето тоа ставено на мапа го гледате подолу.
Упатството за толкување на нашки: Секоја сина точка претставува вид храна. Групирани се во 14 категории а големината на точката означува зачестеност на таа храна на нашите трпези (база од 55. 000 рецепти).
Линија меѓу две храни означува дека тие делат барем еден хемиски елемент кој го носи вкусот. Што подебела линија, толку повеќе вкусови делат. Сивите линии за хранa од иста категорија, црвените линии поврзуваат хранa од различни категории.