Во последните 10 години ова е четврти пат да има ваков недостаток, меѓутоа ова е најголемиот од сите. Освен кај пивото јаглерод-диоксидот има употреба кај газираните безалкохолни пијалаци, во ладење на салати, месо и готови производи, во кланици, во месење и најразлична друга храна и пијалаци. Севкупно за сите овие употреби, само Европа годишно троши околу 20 милиони тони од овој гас.
Вон храната, неспоредливо најголемата употреба на јаглерод-диоксидот е кај вадењето нафта. Само во САД нафтените компании користат околу 70 милиони тони од гасот при оваа операција.
И покрај алармирањето за огромните количества јаглерод-диоксид во воздухот неговото присуство е застрашувачки големо само за здравјето на луѓето, меѓутоа речиси неупотребливо за индустријата. Воздухот содржи 0,04% ЦО2, „да пробаш да собереш јаглерод-диоксид од воздухот е како да ловиш црвена џамлија во сад со 2.500 не-црвени џамлии.“ Заради ова, најголемиот дел од ЦО2 што се користи во индустријата се вади од земјата со копање, нешто слично на природниот гас.
Враќајќи се на пивото, од Кварц објаснуваат дека фабриките за производство на амонијак обично работат од август до март, кога е најголема побарувачката за вештачки ѓубрива (јаглерод-диоксидот е еден од главните нус-производи од производството на амонијак). По ова тие затвораат за одржување, што пак се погодува да биде во исто време со летото во Европа, кога пак се достигнува пикот на производство на безалкохолни и алкохолни газирани пијалаци (пример пиво). Меѓутоа бидејќи за разлика од амонијак и етанолот, ЦО2 е прилично евтин производ на фабриките не им се исплати да останат во погон само за негово производство, кога нема побарувачка за нивните главни производи.
Годинава ваквата состојба во Европа е само влошена од одржувањето на Светското првенство во фудбал, па од недела во недела различни брендови почнуваат да пријавуваат недостаток на ЦО2. Први беа Кока-кола, па Хајнекен се пријави, за подоцна да им се приклучи британската пекарска компанија Варбуртонс. Долгорочно проблемот е што европските производители на амонијак стануваат неконкурентни со цената во споредба со она што доаѓа од Азија, а во исто време јаглерод-диоксидот е економски неисплатлив да се испорачува од Азија.