Books&Brews e необична мешавина од книжарница и пивница, сместена во неатрактивен дел од Индијанаполис. Но веднаш штом ќе се влезе внатре, атмосферата се менува - ѕидовите се светли, полиците полни со книги, масите со друштвени игри. Во позадината има посебна соба за точење домашно пиво, мала сцена, и уште книги.
Основачот и претседател на „Книги и пиво“, Џејсон Вурфел, вели дека локацијата ја одбрале од немај-каде затоа што никој не сакал да им даде под наем поасален простор како стартап. Но и покрај тоа што овој дел од градот не е прометен, пивницата станува популарна.
Мотото е „Читај. Пиј. Муабети“ и повеќе може да се опише како своевиден „дом на културата“, бидејќи тука се организираат и квизови и книжевни вечери. Сите книги кои се изложени се на продажба, но за симболична цена од само три долари, а насловите се истовремено дел од имињата на пивата кои ги произведуваат сопствениците. 10% од продажбата на книгите одат за промовирање на писменоста на возрасни и деца во централна Индијана.
По отварањето на „матицата“ во Индијанаполис, отворени се уште седум локации на кои луѓето се дисконектираат од технологијата и се поврзуваат со други луѓе. Секако и пијат - на пример пиво кое се вика Cream&Punishment (Крем и казна), Shogun или Charlie-Chocolate Milk Stout (ова малку не збунува, пиво со млеко?).После третото можеби и се рецитира.