Велшкото гратче Хај-он-Вај е преполно со прекрасни книжарници со изданија од втора рака и затоа е прогласено за Светски град на книгите. Помеѓу бројните книжарници, една се издвојува и по работното време, и по принципот на наплата.
Рут Шо (75) имала бурен живот, кој вклучува пирати, свињи, психијатриски болници и сексуална работа. Сето ова сега го раскажува во нов мемоар под наслов „Продавачката на книги на крајот на светот“.
Стренд е независна книжарница која како и голем број други бизниси во текот на пандемијата едвај спојуваше крај со крај, и покрај долгата традиција од скоро еден век. Но затоа се тука нејзините верни читатели да помогнат во тешки времиња.
Мотото на книжарницата е „читање на (или со) душа“, а влезот е означен со традиционално платно кое се поставува при смртен случај. Ова е метафора за посетителите да се ослободат од нештата кои ги мачат во секојдневниот живот. Во неа можат да влезат оние над 18 години, бидејќи содржи книги кои често се на сензитивни или еротски теми.
Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.
Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.
„Книгите се духовно богатство" е точна констатација, сè додека не ти е потребен простор кадешто ќе ги складираш и изложиш. Тогаш книгите знаат да станат товар, и ова добро го знаат оние чиј книжарски простор е претесен за да прими повеќе од неколку примероци од еден наслов. Но еве начин како тоа би можело да се реши.
Да ни кажеше некој пред десетина години дека ќе правиме разлика меѓу физички и не-физички продавници ќе му речевме да намали со читањето научна фантастика. Ете сега доживуваме вест на денот да е отварање една сосема обична, да не речеме нормална книжарница.
Една книжарница во главниот град на Тајван стана туристичка атракција и омилено место за излегување на локалците откако почна да работи 24 часа, и да дозволува луѓето да читаат, без да мора да купат.
Во некоја неодредена, книжевно пост-апокалиптична иднина, книги веќе не постојат. Ни на хартија, ни електронски. Тогаш едно дете открива што значи да читаш, и самиот дa замислуваш и чувствуваш.
Опен сорс проект за секоја почит. Се прашуваме што би се случило доколку би овозможиле ваква слобода на избор („кога продавницата не работи слободно позајмете книга или платете ми подоцна") во некоја од нашите книжарници.