Продавница на Еслит, најголемиот синџир книжарници во Таипеи, деновиве е преполна, со луѓе кои читаат по ќошиња, седат на скали или чепкаат по полиците. Има и родители со деца, а и луѓе што тука доаѓаат на пладне и остануваат до четири наутро следниот ден. На некои од нив ова им е начин да заштедат на пари за книги, кои тука можат да ги читаат бесплатно, на други им е начин да бидат со луѓе дур се во тишина а не во некој бучен бар.
Книжарницата располага со повеќе од 250,000 наслови. Ама таа не заработува само од книги, туку во склоп на книжарниците низ земјата има и винотеки, чајџилници и сендвичари, а често се организираат и уметнички изложби и готвачки фестивали - сите заради промоција на некоја книга.
Туристичките водичи сега ја вклучуваат оваа книжарница како една од знаменитостите кои треба да ги видите кога сте во Таипеи. Тоа значи дека ваквиот принцип на работа веројатно ќе потрае. Книжарница отворена 24/7 во Чаир до тие убавите банички?