На 14 јануари една книжарница во англискиот град Питерсфилд објавила еден тажен твит:
„Ниту една продадена книга денес...
0.00 фунти...
Мислиме дека ова е првпат вака...
Знаеме дека е мизерно, но ако сакате да ни помогнете ве молиме погледнете ја нашата Ејбибукс понуда, се на 25% попуст во моментов...“
...Tumbleweed...
— Petersfield Bookshop (@The_PBS) January 14, 2020
Not a single book sold today...
£0.00...
We think think this maybe the first time ever...
We know its miserable out but if you'd like to help us out please find our Abebooks offering below, all at 25% off at the moment.... pic.twitter.com/Cn5uhYWw88
Оваа книжарница има 100-годишна историја, но сега се соочува со никаква продажба.
На помош неочекувано и дошле социјалните мрежи: твитот им го ретвнитнале 9.000 луѓе, пред се благодарение на ретвитот на Нил Гејман (има 2,75 милиони фолоувери). Гејман е глобално познат писател на научно-фантастика, автор на романи и стрипови.
Книжарата му заблагодарила на Гејман и веќе следниот ден со огромна радост соопштила дека добила многу нарачки, повеќе од 300 пораки со прашања и 1.100 нови следбеници на социјалните мрежи.
What a night! We have been completely overwhelmed in a good way.
— Petersfield Bookshop (@The_PBS) January 15, 2020
We have 1,100 new followers.
We have loads of online book orders.
We have over 300 messages, many asking after books. We will answer all as soon as we can, please bear with us
Thank you all so much!
Вработените не спиеле до следното утро зошто морале да одговорат на сите нарачки. За кратко време книжарата заработила 1.000 фунти, а следниот ден дошол некој дечко и им рекол:
„Цел живот живеам во Питерсфилд и никогаш не сум влегол во книжарава. Синоќа еден другар кој живее во Сан Франциско, ми кажа дека треба да дојдам кај вас“.
СОПСТВЕНИК НА КНИЖАРНИЦАТА Е ЕДЕН ЛУД НАВИВАЧ НА ПОРТСМУТ, ПОЗНАТ ВО ЦЕЛА БРИТАНИЈА
„Се стаписав. Ми се заврте во глава. Јас сум старомоден, не се разбирам во социјалните мрежи, но сега сфаќам колку се големи“, вели Џон Вествуд, екстравагантен лик чие семејство било сопственик на книжарата 60 години.
Вествуд е познат насекаде.
„Верувам во книжевната индустрија, но онлајн нарачките и Амазон силни удрија по нас. Морав да го продадам станот за да ја одржам книжарата. Имаме многу големи планови за во иднина, како да раснеме и да се шириме, но прво треба да се излезе. Ако сакаш да бидеш богат, ти нема да работиш во книжевна индустрија. Книгите се лични предмети, ништо не може да се спореди со одењето во книжара. Да ги видш, да ги допреш, да ги почуствуваш - тоа е посебно место“.
Интересна сторија, но каде е тука спортот?
Епа сопственикот на книжарата Џон Вествут не пропуштил ниту еден меч на Портсмут уште од 1980-та година. Во 1989-та дури и си го сменил името па сега се вика Џон Портсмут Фудбол Клаб Вествуд. На целото тело има повеќе од 60 тетоважи во чест на Портсмут.
Тој просто не можел а да не напише книга за саканиот клуб. Во 2007-ма година излегла книгата „Збирка на вистински навивач на Помпеј“.
За Џон викаат дека е душа и срце на „Фратон Парк“. На стадионот е лесно воочлив - секогаш носи дречливо сина перика, голема шапка, ѕвони со ѕвоно и свири на труба.
Сликарот Карл Радзјак насликал портрет од Џон којшто го ставиле во Националната портретна Галерија.