Таг: англиски фудбал

Најглупата повреда на свет

Далеку од тоа дека сите фудбалски комедии, трагикомедии и лакрдии доаѓаат од нашиот нисколигашки фудбал. Ние може да се пофалиме со крави и волови на терен, а нисколишагите во Англија со тоа од насловот.

Гол на голман со глава во мешаница е веќе видено, пази ти ова

Џејк Бас од англискиот нисколигаш Њухеван ќе ви покаже како може голман наеднаш да се претвори во напаѓач и да се избори за бод во 98-ма минута.

Остај ти паненката на Меси, чекај да видиш еден пенал во англиско подземје

Додека Лионел правеше шоу во Париз и го крена „Парк на Принцови“ на нозе за победа после пресврт со РБ Лајпциг, на мечот Јеовил - Вејмут (1:1) од англискиот ФА Куп се изведуваа пенали. Домаќините промашија 4 пенали, гостите 2. Еве како изгледаше еден од изведените удари.

Најубав момент на колото: Играчите на Фулам прославија гол со дете со церебрална парализа

Малиот Рис е инспирација за сите во клубот, а скоро го ставиле и во составот на сајтот на Фулам.

Необичната приказна за најверниот навивач во Англија кој доби споменик на трибина

Да се биде меѓу најверните навивачи во земјата во која е основан фудбалот и кој се сака безвременски значи навистина да сте направиле некој животен подвиг.

Целото интервју на Роналдо со Вес Браун

Во 2008-ма година стоперот кој по потреба играше и бек, во финале на Лига на шампиони му намести гол на Кристијано Роналдо против Челси во Москва. На пенали тогаш Манчестер Јунајтед ги совлада „сините“ а Роналдо и Вес Браун тогаш беа соиграчи а сега се во поинакви улоги.

Комичен одговор на Де Хеа на прашање за Роналдо

Голманот на Јунајтед одново брани во одлична форма. На мечот против Вулверхемптон на гости буквално го имаше најдобриот настап во последните неколку месеци. Манчестер славеше минимално и ја продолжи неверојатната серија од 28 меча без пораз на гостувања во Премиер лига. После мечот репортер го праша Де Хеа што мисли за новиот трансфер.

Фото на денот

Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.

Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.

Конечно фудбал со навивачи - 20.000 гледачи на Вембли за финале на ФА Куп

До толку се одвикнавме од преполни трибини во Европа што финалето на англискиот ФА Куп каде Лестер со 1-0 го совлада Челси беше право уживање за фудбалските гурмани.

Ненормалниот пресврт на Мидлзборо - Стеауа кој ќе се памети уште долго

На 27 април 2006-та година, англискиот клуб Мидлзборо го направи еден од најлудите пресврти во Купот на УЕФА. Во првото полуфинале во Букурешт, Стеауа го победи Боро со 1:0, а на реваншот во Англија Романците веќе во 25' минута имаа недостижни 0-2. Погледнете што се случи.

Британски хумор и кога е тешко - повторена сцена од пред 14 години

Шефилд Јунајтед е тим кој лани за малку не се пласираше во еврокупови преку Премиер лига, а сезонава на цели 6 кола пред крајот и теоретски испадна во Чемпионшип.

Фудбалската месарница на Брентфорд - Сканторп

Видеово датира од меч одигран пред неколку години во англиската нисколигашка касапница. Можеби сте го виделе досега, ама не е на одмет да се потсетиме. 9 жестоки „колења“ за 17 секунди, само 1 досуден фаул и 1 жолт картон. Ова е фудбал.

Најубедливи победи во историја на Премиер лига

Елитната англиска Премиер лига е основана на 20 февруари 1992 година, пред 29 години. Претходно се викала прва фудбалска дивизија. Од таа 1992-ра до денес се забележани 10 страшно убедливи победи.

Забавата во ФА Купот, Мурињо држел говор во ресторан за свадби, Клоп шпионирал

Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.

Мајсторе, потегов од Бразилци си го научил?

Шестолигашот Чорли го исфрли Виган од ФА Купот иако домаќинот водеше 2-0 на полувреме. Гостите израмнија и во 92' минута со супер гол на Конор Хал се пласираа во следната рунда. Понатаму го следиме Чорли и навиваме за нив да дотуркаат до Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал...

Ако можат театри и кина да бидат отворени, зошто не и стадиони?

Во Англија се поведе голема дебата околу двојните стандарди на властите во однос на мерките и протоколите во борбата против глобалниот вирус.

Брат му на Руни како Вејн на времето - од пола терен

Џон Руни е шест години помлад од брат му Вејн. Игра за нисколигашот Стокпорт и денес го запозна фудбалскиот свет подобро со него. Во 1. рунда на ФА Купот постигна лудница од гол од пола терен против Рочдејл.

Ликови изнајмиле стан до стадион на Ербиенби

Лејтон Ориент, клуб познат воглавно на љубителите на тикети во кладилници, игра во Лига2 (четврта дивизија во англиската фудбалска хиерархија). Во саботата Лејтон играше дома против Мансфилд (2:2), а поради тоа што во Англија и натаму се игра без публика, некои навивачи на Лејтон решиле да искористат поволност што до самиот стадион има станбена зграда, па изнајмиле стан да гледаат фудбал во живо.

Како дошло до тоа центарфорот во фудбал да носи број 9?

Во април 1933 година фудбалерите на Евертон и Манчестер Сити првпат во историјата на ФА Купот излегле на терен со бројки на дресовите.

Велбек брате роботе

Супер интересен меч одиграа Вотфорд и Норич Сити. Гостите поведоа после буквално 3 минути фудбал, а Вотфорд на крај направи пресврт со головите на Доусон и лудоријата на Дени Велбек. Вотфорд со овие три бода има шанси да се спаси од испаѓање.

Клоп до новинар: „Гледаше фудбал и ме прашуваш дали сме имале шанси“

Мамурниот Ливерпул иако отиде во Манчестер во полн состав, изгуби од Сити со убедливи 4-0 па на Јирген Клоп баш и не му беше до смеење синоќа на „Етихад“. После мечот новинарот Џеф Шривс го прашува дали имале добри шанси при резултат 0-0.

Кога еден обичен мејл го спасил Ливерпул од банкрот и го направи тоа што е денес

Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.