До тогаш во англискиот фудбал имало обиди да се игра со бројки на дресот, а првпат вакви дресови се појавиле во Австралија уште во 1911-та година. Во следната 1912 нумерација во фудбалот за првпат задолжително се носело во австралиската држава Нов Јужен Велс.
Но да се вратиме на финалето на англискиот Куп. Евертон одбрал да игра во бројки од 1 до 11, а Манчестер Сити од 12 до 22.
Голманот на тимот од Ливерпул го добил првиот број, а напаѓачите од 7 до 11 по ред. Верувале или не, тогаш екипите играле со по 5 напаѓачи во офанзива. Евертон победил 3:0, а вториот гол го дал еден од најголемите фудбалери на тоа време Дикси Дин.
Дикси Дин носел 9-ка на грбот и се смета дека токму поради него, почнала асоцијацијата на бројот 9 со класичен централен напаѓач.
Дин играл неверојатно и постигнал 383 гола на 433 натпревари за Евертон (со огрoмна предност е убедливо најдобар стрелец во историјата на клубот - вториот под него Грем Шарп дал 159 погодоци).
Дикси во сезоната 1927/1928 постигнал 60 голови и му донел титула на Евертон. Во цела кариера имал 37 хет-трика, а дал и 18 гола на 16 средби за репрезентацијата на Англија.
Шпицот на Евертон добил место во Салата на славните во англискиот фудбал а пред стадионот „Гудисон Парк“ има негова статуа. Интересно, бројките не биле веднаш задолжително во фудбалот ширум светот, но кога станале задолжителни се сочувала (останала) традицијата за позициите според бројки. Така се почнувало со голман број 1, десен бек број 2, лев бек број 3, стопери 4 и 5, среден ред 6, 7 и 8 и напад 9, 10 и 11. Со тоа што центарфорот секогаш добивал број 9, како што е ден-денес.
Со текот на времето екипите преоѓале во формација 4-4-2 и други, но по инерција максимално ги сочувале нумерациите. Напаѓачите најчесто бирале 9-ка и 10-ка. Традиционално деветката бил класичен шпиц (Торес, Суарез, Левандовски), а другиот, 10-та (Пеле, Марадона, Меси) бил и е оној кој оперира од позадина.
Бројот 8 асоцирал со лидер во средниот ред (Лампард, Џерард, Иниеста итн).
„Бројот 10 е замислен како порано така и сега како најромантичен дел од фудбалот“, рекол светскиот шампион со Аргентина од 1986-та Хорхе Валдано.
„Кога Луис Фелипе Сколари ги соопштуваше бројките во репрезентацијата на Бразил пред Купот на Конфедерации во 2013-та година пред стартот на Светско првенство, му кажав дека ми се допаѓаат 7 и 8. Но Дани Алвеш тогаш ме погледна и ми рече: „На терен ти си 10-ка и треба да земеш 10-ка“.
Во фудбалот веќе одамна тимовите не се обврзани да носат бројки по редослед, но во глава остана класичното значење. Пред се благодарение на легендите кои ги носеле тие бројки. Деветката асоцира со чист напаѓач, а 10-ка и 8-ка се синоним за творештво на плејмејкерите.