Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

По мечот кој означи старт на новата сезона 2021/2022 во Премиер, домашните играчи и тренерот на Брентфорд Томас Франк славеа триумф со навивачите. За време на прославата Франк му се приближи на еден млад навивач и заедно прославија а тој кадар го обиколи светот

Малиот навивач го поздравија и некои играчи на Брентфорд, а видеото од тие моменти на социјалните мрежи имаше милиони прегледи и споделувања.

„Денес сме на прво место во Премиер лига и тоа е фантастина сторија. Ние сме само автобуска постојка во Хонслоу. Не ни треба да бидеме тука, така што треба да ја славиме секоја победа, но сакаме и повеќе“, изјави менаџерот на Брентфорд Томас Франк.

Да се вратиме на јунакот на најубавиот кадар на почетокот на сезоната во Премиер лига.

Малиот се вика Вуди О’Рурк. Има Даунов синдром. Репортерот на Sky Sports дошол на гости кај семејството на Вуди каде мајката раскажала дека Брентфорд е едно големо семејство.

„Кога Вуди кажа дека сака да тренира и дека навива за Брентфорд веднаш ни напишаа од клубот и ни подарија копачки, дрес и опрема од екипата што многу посебно го цениме“.

Малиот Вуди не е првпат во центарот на вниманието. Тој пред пар години на меѓународниот ден на луѓето со Даунов синдром станал многу познат по репортажата која Скај Спортс ја направил за него додека Брентфорд беше во втората лига - Чемпионшип:

„Во времето на ковид затворањата Вуди не сфаќаше зошто не оди во школо и на натпреварите на неговиот омилен клуб. Он беше многу разочаран и секој ден ме тераше да одиме на меч на Брентфорд но беше забрането за гледачи. Сега фудбалот се врати и конечно навивачите може да се вратат на стадиони. Неверојатно е!“, вели мајка му на Вуди.

Средбата Брентфорд - Арсенал беше прва за Вуди по пандемијата и тој ќе ја памети цел живот како и сите други навивачи на новиот премиерлигаш кој во елитата доаѓа првпат после цели 74 години.

КАДАР НА ДЕНОТ: 74 ГОДИНИ ГЕНЕРАЦИИ И ГЕНЕРАЦИИ ГО ЧЕКАА МОМЕНТОТ ПА СЕ РАСПЛАКАА